top of page
Writer's pictureКултура β

Целина – Мартин Димитров

Целина


Како две на вид дисонантни

делови од едно цело,

се наоѓаат меѓу песок, меѓу кал,

заплетени во едно тело.

Како се пролеваме ко крв,

варосана, извалкана;

како еден здив го делиме,

топол и задушен,

како кожа в кожа ти живеам,

a со срча, сржта ми ја пресекуваш.


 

Мартин Димитров има 21 година и доаѓа од Скопје.


„Пишувањето ми доаѓа многу спонтано, во животот практикувам да не се сфакам многу сериозно себе си, па најверојатно пишувањето создава некоја контрастна двојност во мене за да се ослободам.“ вели Мартин.

Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comments


bottom of page