top of page
Writer's pictureКултура β

Три песни од Калиа Димитрова, една од добитничките на признанието „Штефица Цвек“

Стихозбирката „Во хаосот радост“ на поетесата Калиа Димитрова е една од добитничките на признанието Штефица Цвек, регионална награда за книжевност која ги предизвикува конвенциите, поттикнува критичка мисла и нуди нов поглед на горливите прашања на нашето време. За конечниот книжевен избор, именуван според хероината на феминистичкиот класик на Дубравка Угрешиќ, одлучуваа членките на жири-комисијата: Маја Абаџија (Босна и Херцеговина), Дара Шљукиќ (Србија) и Мања Величковска (С. Македонија). Првиот круг на жирито го сочинуваа Ања Томљеновиќ, Грација Атанасовска, Иван Шуњиќ, Марија Божиќ, Марија Бошковска, Милица Улемек и Филип Кучековиќ.


Покрај стихозбирката на Димитрова, признанието го добија и „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, „Стрвинари старог свијета“ на Теа Тулиќ, „Куќа се није мрднула“ на Јелена Анѓеловска, „Темељене куќе“ на Марија Андријашевиќ и „Жене БиХ за дијецу – илустровано путовање с изузетим женама из прошлости“ од група авторки.


Во продолжение прочитајте избор од песните застапени во „Во хаосот радост“, а стихозбирката може да ја најдете во кафе-книжарниците „Буква“ и „Илика“ и во книжарницата „Полица“.


I


Девојченце? 

Девојченце?, се меша гласот на патникот пред мене, со оној на Јосипа Лисац од моите слушалки.  

Не сум девојченце, мрзливо ги тргам слушалки.

А што си, прашува. 

Жена, кажувам. 

За мене си девојченце, кажува. 

Чија си ти, прашува. 

Имам мала винарија во близина на Куманово, кажува. 

Ти пиеш ли вино, прашува. 

Во Македонија никој не сака да работи, кажува. 

Тако је, тако је, потврдува возачот. 

Тоа ми е хоби, кажува. Инаку, работам со злато. Златни плочки и пари, накит за жени, за мажи нема што. Единствен накит за маж е саат. Све друго е педерлук, кажува. 

Твојата плочка златна ли е, од каде ти е, прашува.

Од дедо ми, кажувам. 

А чија си ти?

Не одговарам. 

Чија си, девојченце, чија си? 

Одеднаш, ми се насолзуваат очите. 

Моја сум, кажувам и си ги враќам слушалките 

како навистина луто девојченце. 


Мора ли да си волку лоша, се прашувам, додека на хоризонтот гледам поле наведнати сончогледи. 


Чии сте вие, сончогледи? 

Ќе преживеете ли на овој автопат? 



длабоко во шумата 



ме праша 


како знаеш дека нема да те убијам?


колку смешно

колку смешно

колку смешно


женскиот живот што виси на конец 


колку болно

колку болно

колку болно


од страв да се вратам сама, продолжив да одам 


ти верувам 


кажав во лага. 



Славка Недиќ


Вчеравечер едвај склопив око. Беше измерена највисоката температура во историјата на мерењето, а денес е пожешко од вчера, но мене дланките ми се кочан, празни како пуста плажа и не сакам да знаеш колку ми фалиш, иако слабоста не треба да е поразво вистинската љубов. 

Ми фалиш особено кога јадам ѓеврек и замислувам 

парче сусам ти стои на надусницата, а ти продолжуваш да одиш како сè да е нормално. 

Како ли да кажам на глас, сè што нè поврзува е споделена фасцинација со добро испечен ѓеврек 

и можеби ништо повеќе. 

Можеби и ништо повеќе 

не е потребно.


Некои оброци едноставно немаат смисла 

кога човек е сам.Ноќе креветот ме голта како гропче, но веќе не ми е страви се ширам како кралица, сепак 

би сакала да ја споделам последната глупава мислапред да заспијам со тебе наместо со мачорот, 

која немо ми намигнува. Сонот ми беше немиренно можеби тоа ме вози, сепак 

можна ли е вистинска љубов меѓу жена и маж?

На седмиот ден господ и ти одмаравте, а јас, 

ако не се лажам, правев омлет и потпевнував, 

збогувајќи се и со јајцевите лушпи и со моите планови, 

зашто поважно од сè ми стана да те нахранам, 

колку патетично, знам,но ми фалиш, заедно со нашата иднина која ми фали повеќе од сè(што е особено бизарно, поради законите во физиката, 

но дури и физичарите се согласни, 

времето е едно од најтешките својства за разбирање на нашиот универзум)


а сега треба да смислам нова, моја. Секој момент можам да тргнам било каде,но што со слободата, кога единствено сакам да сум таму каде што си ти  па прашално погледнувам кон првиот бар, близу ул. Славка Недиќ,


ако е вистинска љубов,

сигурно ме чекаш на тој шанк,сигурно би ме чекал таму, со молежлив поглед на црн лабрадор, 

кој изел и што треба и што не треба, 

а јас, нормално би ти простила

како вистински заљубена тиква, сепак


нешто ме спречува да те барам 

и зјапам во топката која никако да влезе во кошот 

и се прашувам дали Славка 

правела омлет некому во својот партизански одред 

или имала попаметна работа. 

Сигурно имала попаметна работа. 







Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comentarios


bottom of page