top of page
Writer's pictureКултура β

Ти - Христијан Михајловски

Низ глава полна Со љубов за тебе, Мисли се нижат болка ме гребе. Грутка ко карпа на срце тежи Од се она неискажано Низ солзи што течи. А јас те губам И без да бидеш моја. И се е празно, Без твојата рака, Без тие очи Зар живот се сака? И тогаш ќе ме гушнеш Ко утринско сонце, И пак верувам, вредиш За тоа скршено срце.

 

Христијан Михајлоски е студент по историја и љубител на сето она што ја разигрува нашата мечта, зошто сѐ она што останува неискажано е доволна мотивација за една игра со зборови. Уште повеќе, за да ги насликаме нашите соништа и желби, да кажеме колку само силно љубиме.

Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comments


bottom of page