Јас колку повеќе го забрзувам
својот чекор кон тебе,
ти толку повеќе се оддалечуваш од мене.
Јас колку повеќе сакам
да избегам од себе,
ти толку повеќе ми се приближуваш.
Колку повеќе се лажеме себеси,
толку повеќе очите ги издаваат
нашите тајни,
толку повеќе на површина излегува
она потиснатото,
она неискажаното.
Марина Додевска е родена во Крива Паланка и е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје. Пишува поезија, проза и хаику. Добитничка на голем број награди за поезија и проза во Македонија и во странство.
Комментарии