top of page
Writer's pictureКултура β

Скопје СИ ТИ: „Вардар“ од Јулија Ангелова

Вардар



Скопје.

Други луѓе,

но ист воздух.

Секогаш сонував

како седам покрај Вардар,

го слушам како тече

и го гледам како шушка,

па така тихувам

и се восхитувам.

Долго време да седам.

Долго да го гледам.

Да се чудам,

да занемам,

да замижам,

да молчам.

За Вардар да седам.

Во него ноќе танцуваат

светилките на Скопје,

црната вода некаде брза,

па седнувам и со молчење

го почитувам.

Молчам јас, а Вардар зборува.


Па така, времето минува,

не стои,

веќе други песни се пеат,

и тагата се топи,

радост некаде се роди.

Вардар ми се чуди,

ми се радува.

Вардар ме слуша

и никаде не брза.

Веќе не молчам

и не тагувам.

Брзо се разбираме

и среќна сум.

Веќе не гледам во Вардар

само седам до него

а Вардар нѐ гледа нас.


 

Песната „Вардар“ беше прочитана на поетскиот настан за млади „Скопје СИ ТИ“, во рамки на „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол.


Јулија Ангелова има 17 години и доаѓа од Струмица.

Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comments


bottom of page