И така едноставно, едноставно како дишењето заборави го. Заборави на неговата насмевка кога ќе му кажеше нешто глупаво. Заборави на ноќите кога ти ги бришеше солзите од твоето лице, ти зборуваше дека е овде до тебе и никогаш нема да си замине. Заборави на прегратките во неговите раце, чувството кога е го гушнеше и забораваше на сите проблеми околу тебе. Заборави го мирисот на утринското кафе што ти го носеше со неговата насмевка, ноќите кои викавте без престан, кога бевте лути еден на друг, но на крајот од денот повторно бевте силно гушнати, се извинувавте за тоа што се случило. Сети се на тоа што ја одбра неа, сети се кога ти кажа дека несака повее да те види, потоа затвори ги очите. Заборави на сите прегратки и сите ѕвезди кои заедно ги видовте како па!аат. Една од нив беше и вашата приказна. Повеќе ја нема. Отвори ги очите и заборави. Ветерот ќе ја однесе болката, а кругот ќе престане да се врти. Бидејќи... сети се ти рече дека нема да замине, а замина...
Новата ẞ-авторка која зема учество во рубриката со кратки раскази е Ева Василева која ни се претставува си делото „Сега заборави“ .
Таа за себе вели: „Кога пишувам и творам, побегнувам од реалноста и влегувам во мојот мал свет. Поразлично е таму, сама само со своите идеи.Доволно е само еден лист и пенкало и ќе ја раскажам мојата приказна.”
Comments