top of page
Writer's pictureКултура β

Светла Јакшиќ: Симпатични деца во емпатични времиња

Кога детето се запишува во основно училиште, меѓу првите знаења и вештни што ги стекнува всушност е и емпатијата. Докажано е дека дете од предшколска возраст веќе започнува, а подоцна образовниот процес, барем оној задолжителниот, преку вежби и задачи треба да му овозможи да го доразвие тоа чуство и да созрее. Уште од рана возраст не запознаваа со вистинските вредности, а емаптијата беше проткарена преку топлите совети од учителките и родителите да им помагаме на другарчињата доколку можеме, да ги сослушаме кога тие сакаат да споделат нешто со нас, да ги негуваме односите преку взаемна почит, да дадеме совет доколку знаеме како да им помогнеме, да си веруваме и да го почитуваме туѓиот став. И доколку ги погледнеме сите прирачници по кои е се води предагошкиот карактер на училиштата можеме да забележиме одлични вежби кои би помогнале во целокупната функција кое тие ја имаат како и на самата атмосфера која од година во година би требало да ги отслика добро научените и применетите лекции. Децата со текот на развојот и социјлизацијата, за блиски ги прифаќаат оние со кои се слични по интересите, воспитанието, навиките, па така се формираат критериумите за ‘непопуларно оценување’. Понекогаш тоа можат да бидат прочитаните книги кои ни се допаѓаат, омилените музички изведувачи, ликовите од цртаните филмови и серии, спортски тим за кои навиваме и спорт со кој се занимавме во слободно време, како и слично искуство од минатото. Сведок сум на другарства кои завршиле бидејќи нечиј албум со сликички настрадал поради нетрпеливоста на останатите за да го разгледаат, но и на такви кои завршиле бидејќи некој некого навредил од љубомора или пак бидејќи бил подолго време избегнуван од една група на деца. Можам да кажам дека тоа се класични примери за детска квага и судири, но она што можеби е клучно и благодарение на кое некои од нив успеале да се одржат во вистинската смила подолго е токму епматијата. Секако и за надминување на истите како позитивен пример се јавува повторно таа бидејќи за вистински другарства е потребна емаптичност, а не симпатичност. Затоа емаптијата кај некои од децата ќе остане и само ќе го заврсти своето влијание врз градењето на карактерот кај адолесцентот, а кај други ќе исчезне и токму тоа ја прави посложена.

Ова време, невреме токму тоа и го докажа и како никогаш до сега прашањето за сложеноста на емпатијата е актуелно и очигледно. Стравуваме од секави ситуации, но врските кои сме ги одржувале со години, голем дел од нив, за една година лесно исчезнаа и се изгубија од нашите телефони, контакти и слики. Отсутноста на обострано разбирање и толерантност, ретките излегувања и различните активности кои започнавме да ги практикуваме служеа и служат како објаснувања кои сме ги изговориле и слушнале од други. “Ера на чистка од инбокс и контактни листи“, тоа за многумина беше минатава 2020 година. И како да не беше тоа доволно се заплеткавме во едноставни реченици позади кои нема ни трага од емоција, емпатија, туку циркулираат во цврт обрач на убедувањата и самосожалувањето. Ретко кој се соочил со промените кои лесно ги прифатил во ова кризно време, само барем за миг да ја види користа од нив и како тоа ‘ново нормално’ ни го негира минатото и нашите постапки. Преипистувањето како да изчезна со емпатијата и сега велиме дека сѐ е оправдано. Оние врски кои уште од поечтокот биле засновани напогрешни темели е повеќе од очигледно дека би биле првите жртви на ова време, но што се случува тогаш со оние вистинските, оние од кафулињата, непреспиените ноќи, оние за кои живеевме и на кои се потпиравме? И тие ли беше потребно да се променат? Размислил ли некој за оние кои од гордост да не покажат слабост, некои од срам дека ова беше тежок процес низ кои некако поминаа се отргнаа од блиските мислејќи дека се терет за оние кои би биле секогаш покрај нив, и во најтешките мигови?

Сепак сеуште го гаеме лудилото на надежите и веруваме, навистина потенцирајќи го секојдневно дека сево ова има краток рок на траење. Останува на нас за што ќе се избориме, и кому оваа битка ќе ја посветиме, на идните генерации кои ќе не имаат за пример за тоа како емпатијата го победила секое растојание и зло кое не доживеало како предизвик или пак на себе, за да се вратат сите разговори и спомени во кутијата под постелата на мислите означена како “изгубени“ !

Comments


bottom of page