,, Хередитарно. Наследно, наслеђено; што се односи на душевние или телесне особине наслеђене од даљих предака."
Објавуваме уште едно краткометражно филмче, овојпат од младата режисерка или како што за себе вели „скопска филмаџика“ Емилија Динева. Таа има 17 години и е страсен вљубеник во филмовите.
„Некаде на почеток на октомври од локалните филмаџии дознав дека има филмска училница во Кинотека на Македонија. Програмата што ја следевме во текот на 10те недели подетално нè запозна со историјата на македонското филмско творештво, филмовите на браќата Манаки, Бранко Гапо, Кирил Ценевски и др. Посебен впечаток ми оставија црно-белите документарни филмови на браќата Манаки. Всушност претходните години се занимавав со документарни филмови на филмскиот фестивал за документарен филм Македокс како докуникулец. За време на Филмската училница добивме задача да направиме опсервација и по тој повод го снимив ова едноминутно филмче кога престојував некое време кај баба ми.“ ни раскажа таа за тоа како дошла до идејата за филмот.
Филмот може да го погледнете на нашиот инстаграм @kultura_beta или во продолжение:
Ја запрашавме и за значењето на самиот филм, на што таа ни одговори: „„Претходник" е филмче за потеклото на мојава душа. Креиран од мојата љубопитност за своето минато и наследство, во кадрите изразувам благодарност кон мелодиите и насловитекои ги обликувале моите претходници. Идејата и самото снимање беа спонтани и од исцелителен карактер за мене, а се надевам успеав да побудам некое чувство на мистерија и нејаснотија, која што секогаш е поврзана со минатото.“
Hozzászólások