Дај ми сила да се соочам
со секој предизвик
што животот го измислил.
Како секоја научена лекција,
како секоја надеж
што овој живот ја прифатил.
И желбата за да не се откажам,
бидејќи овој свет секогаш боцка, предизвикува…
Не си свесен дека сѐ уште учиш,
не си свесен дека светлината
повторно никнува…
И болката, колку строга, горка…
Можеби и без мирис, без вкус
душата трепери и на Бог се моли,
скриена под една сенка,
беспомошно,
бидејќи понекогаш боли…
Бесјона Јусуфи е поетесата која зема учество во четвртиот ден од двете поетски недели на Култура Бета. Таа доаѓа од Битола, пишува поезија на сите јазици кои ги познава и говори, а студира англиски и албански јазик и книжевност.
留言