top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Дафина Веселиноска

Сакам


Сакам во зима, моите прсти

испреплетени во прстите на

некој, да го шетам цветниот

магичен парк во Канада.


Сакам во нечија прегратка

да ги бројам ѕвездите ноќе,

легната на чиста ливада,

слушајќи ја ,,Kiss me“.


Сакам некој да седи на

столчето во мојата кујна и

внимателно да ме гледа,

додека јас правам мафини и

филозофирам за ,,значење на живот“.


Сакам да ми го опфати

лицево со рацете и само да

се задлабочи во моиве очи...


Сакам со некој да пловам по

река во гондола во Венеција

и тој некој да носи бело

капче со сина трака.


Сакам со некој повторно да

играм џајв во ,,Биртија“,

како во таа студена

декемвриска ноќ.


Сакам со некој, повторно да

седам со кафе и цигара в

рака во Жена парк во златен час.


Сакам едно утро да се

разбудам возбудена, па да

летнам во ноќница по

скалите во Велес и да

најдам во сандачето

љубовно писмо, испишано

со ракопис нежен.


Сакам телефонот да заѕвони

во 2 наутро и јас да слушнам

рапаво-сладок глас од некој,

па двајцата со виски в рака

да слушаме Френк Синатра

Сакам после долг ден со

чаша полна вино и постоље

макарунс, да се најдам во

голема када полна со розова

вода, во позадина нека

свири Едит Пијаф, а јас ќе се

преправам дека сум Марија Антоанета


Сакам да одам на игранка во

парк, да танцувам бавно,

прегрната со некој, а потоа

тој некој пред сите нека ме бакне!


Сакам да се разбудам утрото

на Божиќ и некој да ми

подари кутија красна, со

кученце внатре,

па потоа сите тројца ќе се

изнагушкаме и во моментот

ќе се изгубиме.


Сакај ме


Сакај ме, избриши ми ги солзите и купи ми срценца од ,,Европа”.

Сакај ме, насмевни ми се со сите твои криви заби и слушај ме додека ги пеам моите омилени песни.

Сакај ме и шетај се со мене по Скопскиот кеј, држи ме за рака, а ветрот нека ни ги бушави косите, додека милни зборови ми говориш.

Сакај ме, земи ме во твојата прегратка, гали ме во косата и кажи ми дека ова засекогаш ќе трае.

Сакај ме, дојди со мене на пикник во мај и читај ми поезија, додека се прпелам во тревата.

Сакај ме, смеј се со мене на убавината на животот, додека трчаме по цветна ливада, а од Сонцето ни светат очите.

Сакај ме, ќе лудуваме во ,,Биртија” секој петок!

Сакај ме, седи со мене под месечевата светлина, ќе јадеме пралини од ,,Леонидас” и ќе цртаме мапа на иднината

 

"Пишувам бидејќи морам, така се ослободувам од натрупаните интензивни емоции. Моите фантазии ги запишувам и се надевам дека еден ден ќе остварат" - Вели Дафина за себе, а вие во продолжение прочитајте еден дел од нејзината уметност.

Comments


bottom of page