top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Ване Дериволов

Животот е единствен


Животот е премногу краток и заминува в’миг, затоа живеј го својот живот и бори се за своите цели

Понекогаш е суров и непредвидлив

Полн со искушенија и предизвици

Но всушност со сите овие предизвици

Стануваме се посилни, и посилни

Животот не учи да бидеме оптимисти

Да одиме со крената глава, пред секоја препрека, насмеани и полни со љубов

Да се бориме за своите цели и да го живееме секој миг од животот како да е последен.


Доаѓам во твојот сон


Го слушам твојот глас, од некаде

И веќе си во моиве мисли, насекаде

Доаѓам во твојот сон

Во рајот, кој ти го поседуваш

Знам дека си овде, и ме чекаш трпеливо

Чекај ме, јас сигурно ќе дојдам

Овде, во овој наш мирен свет.


Песна за мајка

Долгокосо, црнооко мајко моја

Ти си река што незапирливо тече

Ти си мој извор вечен

Мајко моја мила

Ти не си сонце, а топло ме грееш

Ти не си вила, но бескрајно си мила.

Ти си мајко, цвеќе, в срце што ми цвета

Твојата мисла мајко, секаде ме води

Многу ти благодарам, мене што ме роди

Те сакам, ти пеам

Вечно да си мила, весела и жива!


Борбата со тебе ( Ковид 19)


Ненадејно дојде,

и доаѓајќи многу смрт донесе,

многу болка нанесе

и целава планета ја затресе.

Животот ни се смени за миг,

а за нас ти си недостиг!

Понекогаш ја губеше силата,

но како повторно да се враќаше

со крилата!

Надежта е таа што ни остана

и друго ништо не ни преостана,

освен да чекаме

и никогаш на ова да не се сетиме!


Желба


Ме домами за миг

како стрела, в срце што ми летна,

како крадец, што штотуку ме сретна.

Ти што си?

Желба, љубов, копнеж

ти што навлезе во мојава душа

и нова страница од животот ми испиша.

Знам што си!

Нешто неверојатно, примамливо

и засекогаш, неизлечиво.

Не се жалам остани со мене

и ти ветувам мојава љубов

кон тебе никогаш нема да исчезне.


Љубов


Љубовна искра што сè уште тлее, немирно срце и растреперен глас со забрзан пулс, сè уште чекорам кон тебе. Но таква е љубовта, решителна и моќна, чекорам повторно кон тебе, со куфер желби и нескротлива радост. Чекорам, залутано низ виулиците на стравот, вкочането, слепо без да видам и предвидам како повторно приоѓаш кон мене, кон моето срце. Пробав да го погледнам начинот на кој се приближи но се беше безнадежно и неуспешно. Ах љубов, ах очај, повторно ми ги враќаш чувствата кои не можам да ги сокријам, не можам да ја поднесам болката на разделеност на некој кој е многу посебен за мене. Посакувам никогаш да не те пуштев, никогаш да не ги пуштев, тие твои благословени раце, и тие твои очи на кои секогаш ќе се сеќавам. Еве дојде тој миг, кога повторно те видов, но мојот живот сега е завршен бидејќи сето ова е само сон, сон, како и моите надежи и желби, а јас, ќе продолжам да те сонувам сè до мојот последен здив.

 

Ване Дериволов е студент по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. За себе вели дека во иднина себе си се гледа како остварен професор по македонски јазик, го љуби својот мајчин јазик, како и поезијата која ја пишува. За наскоро ја најави и својата прва поетска збирка.

Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comentarios


bottom of page