Под бескраен небесен свод
разнишан е жарлив брод
сред море бесно, огин суши,
сета поткрепа кревка се руши.
На палуба кутриот се моли,
за спас од овој студен пекол моли,
а бродот не потонува
иако секој бран
ко острица од меч го ранува.
Само еден капетан може
низ ова да сонува,
само моево срце знае
и низ ваква бура во сон да сјае
низ бура што самото
во јадови ја ткае...
жарливо, пламнато, изгорено,
силно свети но е изморено,
а може да преплива цело море -
солзи солено,
зашто со љубов е полно, гори
зашто ја има твојта љубов
од самрак до зори.
Новата поема во ẞ-поезија е од Леа Дојчиновска, средношколка и, главно, поет во слободно време. Со пишување поезија се занимава уште откако почнала во училиште и научила да пишува, тоа е нејзиното прво хоби. Ни кажува дека, тоа што го чувствува и мисли, тоа и го пишува и дека најубаво знае да се изрази во стихови.
Comentarios