top of page
Writer's pictureКултура β

Патник во ноќта - Ива Павлова

Ноќ, мирна и тивка. Се слушаат звуците на пролетта, црцорењето на неуморните ноќни птици, лаењето на кучињата и таканаречениот звук на тишината кој ги одвлекува моиве мисли во непознат правец, како слеп човек којшто се обидува да го пронајде вистинскиот пат. Темнината и тишината-комбинација која предизвикува бура во мојата глава, бура на емоции кои ме туркаат во минатото, во длабоките размислувања. Кога би можела да го вратам времето кога тонев во лажната среќа, би ставила крај пред почетокот на истата. Сѐ до денес верував во љубов, макар и на прв поглед, верував во среќа, пријателство, чувства и емоции... Но се појави причината која го промени моето размислување,онаа која што ме вовлече во мрачниот тунел на краткотрајната и нестабилна среќа. Љубовта којашто ме изгоре длабоко до сржта истовремено ми ја покажа и вистинската реалност околу мене. Ми помогна да сфатам дека патот до вистинската среќа често е полн трње.

 

"Пишувам од мала, кога мојата цел беше да побегнам од лошата реалноcт, сега сум средношколка инспирирана од личните искуства, којашто чувствата ги преточува на лист хартија.’’ - ни раскажа Ива

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше...

Commenti


bottom of page