Понекогаш се борам, но не со
чудовиштата под мојот кревет,
нив ги гледам во очи и смирувам, но
затоа пак наутро огледалото е она кое го одминувам.
Како минатата недела, како вчера
и ова утро по навика.
Но, ова утро по нејасна спротивност на
рутината, сретнав странец.
Ми кажа зборови кои би требала да ги
упатувам на огледалото кое го одминувам,
кога би се гледала самата себе како што
тој ме гледаше денес.
Старецот, странецот.
Не минатата недела, не вчера, но денес.
Старецот со благородна душа се погрижи
да се почуствувам како една таква.
И не битно моето огледало, затоа што знам,
денес јас бев неговото.
Ах животе, ми се случи животот.
,,Се бараат математичари и доктори а пишувачите се нарекуваат безнадежни романтичари кои пишуваат само за љубов. Моја цел е да придонесам во менувањето на ваквиот став и размислување. Пишувам поезија, обожавам математика и одам во училиште во одделот медицина, а можам да напишам поезија за обичен стол и столот да не е веќе обичен. Еве мал почеток." - вака Александра Миленкова го започнува нејзиното претставување. Вели дека пишива од кога знае за себе и за буквите. Својата првата песничка ја напишала уште на 6 години, а сега вели дека пишува текстови од секаков вид.
,,Способноста да направиш дело инспирирано од трагедија, настан, одредена личност или пак друго дело е дар и моќ, да создаваш дело од своето битие и да инспирираш други од својата инспирација. По немилата реалност е дека всушност токму ова не е доволно ценето во нашата земја." додава таа.
Comentários