top of page
Writer's pictureКултура β

На врвците на животот - Дамјан Златановски

Син декември, мене студот ме топли

во стара волница од нов непознат мот.

По трет пат те сретнувам низ празни толпи

во пеколните кошмари од студената пот.


Сѐ уште чувствувам чувства празни,

пишувам писма, адресирам: „тивок огин“.

Од мене останаа нераскажани сказни

од својот живот кај сум само еден непознат гостин.


На праг е јануари, на усните кашмиров шал,

в гради виулица, на мислите наталожени сомнежи.

Самува мојата улица, под солитери, снег и жал,

а јас повторно посегнат кон неостварените копнежи…


Зошто ме сепмнува иднината што следи,

иако филмот го изгледав уште в дамнина?

Во раното детство, кое полека бледи,

во мајчиниот скут под небесната рамнина.


Месец на мразот, а јас уште закитен со Божиќни нишки

од цинобер. Книга на коленици, тие околу врат,

треперат отсјај низ своите последни воздишки.

Зарем тие се водилките низ животниот ми пат?


На врвот од прстите се придржувам, по нова книга

посегнувајќи. Солзите на прозорецот спелуваат носталгија.

Нов сум човек, а старо бреме ми недостига

крај квадратите мастило со исушената Далија.


Ќе се стопат ли куси страсти со снегот,

што ко бескрајна вечност ги осетив?

Дали првиот цут ќе ми стане збегот

и мелем на раната, бар дур сум жив?


***


Виолетови сенки се нижат на ѕидот,

А под нив лалиња замотани во весник.

Март нечујно заминува од видот

Се кинат врвците животни, на овој син песји.


 

Дамјан Златановски е млад кумановец кој сака да пишува и слика, ужива во филм, музика и природа. Екологист, активист и сопственик на @zlatanovski.gallery онлајн продавница за слики. Тој е Млад Европски Амбасадор.



Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comments


bottom of page