top of page
Writer's pictureКултура β

Мрачната соба - Кристијан Митевски

Денот започна како и секој претходен, стануваш, миеш заби, лице и започнуваш со обврските. Нешто беше поразлично овој пат. Постоеше нешто што беше тешко да се опише, нешто поразлично од секојдневието. Живеев во релативно просторен стан, со своите родители и својата помала сестричка. Како и во секој дом, топлината преовладуваше. Она што недостасуваше беа чувствата. Сигурен сум дека сте го слушнале изразот „Затворен меѓу четири ѕида“, ова беше токму како тоа само преведено од физичкото чувство во психата, емоциите заташкани во некоја стара кутија, покриена со глупости. Постоеше и една помалку заташкана соба во која речиси никогаш немав влезено се до моментот кога бесот и тагата ќе преовладаа, моментот кога не размислуваш за последиците туку за олеснувачката страна. Вратата како врата, стара дрвена врата со подуништена квака. Кога малку ќе пораснеш се присетуваш на тие моменти. На старата и уништена врата, на неподмачканата, квичава квака. Тогаш само ја повлекуваш кваката, со изненаденост ги гледаш мрачните ѕидови во собата. Се чувствуваш безбедно, на начин, и среќно. Знаеш дека твоите солзи ќе ги видат само ѕидовите, само ти ќе ги почувствуваш. Воедно, имаш и начин како да се прикажуваш како силна и цврста персона, но зад таа фасада вистината да биде непозната мистерија. Токму она што ти недостасува го добиваш во оваа соба. Ако сакаш можеш да плачеш, ако сакаш можеш да скокаш од радост. Да бидеш свој херој или негативец, да бидеш својот Супермен. Таа мрачна и наизглед тажна соба, ти ја дава можноста и сигурноста која ти недоостасува, ти ја подарува интимата - простор кога на момент можеш да се „исклучиш“ од реалноста и да се „вклучиш“ во виртуелноста, да се внесеш себе си во приказни за кои си мислел дека ќе бидеш омаловажен, да се препуштиш и да лебдиш во твојата имагинација, создавајќи природен хабитат персонализиран само за тебе. Во таа мрачна соба, ти си уметникот - креаторот на својата личност, на својот лик. Кога ќе бидеш подготвен ќе ја напуштиш таа соба, од ларва ќе преминеш во прекрасна пеперутка која ќе лета од цвет на цвет ширејќи позитива и среќа. На крајот кога веќе се е истрошено, ќе исчезнеш. Најважното од сето тоа е дека сега знаеш како тече животот. Животот ти дал важна лекција, те растажил - те скршил, ти дал можност да се подготвиш за иднината, те израснал во човек. Зад себе си оставил приказна која долго ќе биде паметена, наследство за твоите потомци, легенда која ќе го краси умот на твоите блиски. Покрај секое лошо, постои и добрина. Човекот е комплексна машина, секоја машина има свои потреби и подесувања. Погрижи се тие да бидат исполнети, тркалцата подмачкани. Живеј го животот по твои правила, не се менувај, не се плаши или срами. Запознај ги другите со вистинскиот ТИ.

 

Новиот ẞ-краток расказ е на Кристијан Митевски. Тој пишувањето го гледа како излез од реалност и безбедно место за искажување на емоциите и размислувањата.

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше...

Comments


bottom of page