Кога ја гледав,
во мене војуваше крвта од предците.
Јас бев воин што девственоста како татковината ја брани.
Ја соблеков до коска,
па како блудница ја облеков во невестинско.
Белината на нејзиниот фустан ги замолчи оние кои ја именуваа.
Ја прегрнав и ја љубев.
И' го препишав моето битие,
па не сакајќи го заробив нејзиното.
И' напишав неколку стихови без рима.
Ја величев.
Ликот и’ го извајав во матка од кал -
таа роди мелем за сите мои рани.
Потоа и' реков дека не се сите мажи исти.
Повторно дојде Осми март.
Јас и’ купив ружа и не излегов на марш.
Михаела Василеска е млада авторка од Охрид, има 17 години, а учи во гимназијата „Св. Климент Охридски“.
Comments