top of page
Writer's pictureКултура β

Моето јас - Софија Бислимовски

Земајќи ја крвта од вениве.

Правејќи ги гласовите на ехото.

Голтајќи ги солзиве кои се тркалаат по лицево

Правејќи ја маската за лажнава насмевка.

Симнувајќи го егото за да не се покачи.

Наслушнувајќи ги зборовите кои сечат како жилет.

Секој ден , секој час, секоја минута си стотинка

Ми се откинува дел од кожава

копајќи ја дупката за да ги сместам спомените.

Ја осмислувајќи ја стратегијата за битката и

Правејќи мапа за победа.

Одново и одново

Пак и повторно

Го гледам нечовечкото во другите ,

Го правам она кое ми е потребно

Едноставно ставам точка на некои работи

Работи кои ми пречат

 

Софија Бислимоски е родена во 2004 г во Скопје и е втора година во Гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“. Таа е авторка на 3 стихозбирки и добитничка на 3 меѓународни награди во Нови сад и едно Гранд При во Скопје.

Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comments


bottom of page