top of page
Writer's pictureКултура β

Модерниот Сизиф и жртвата за иднината



Реалноста си поигрува со своите случајности, само во една временска зона - сегашноста. Меѓутоа, постои уникатен капацитет кај човечкото суштество, во текот на неговиот краткорочен живот да проба да направи спогодба со сегашноста за потенцијално да го подобри некој нареден миг. Било да се работи за неколку часа, неколку дена, месеци или години од сега.


Како интригирачки пример за подобра илустрација на оваа потреба на човекот да ги вложува своите ресурси со надеж за подобрување на она оној период кој следува се ритуалите на жртвување кои ги практикувале древните народи. Тема која од денешен аспект се разгледува како варварски акт, но обработена во многу научни истражувања, статии и емисии, од психолошки, културолошки и социолошки аспект. Самата желба на индивидуата, но и на заедницата да си го олесни своето функционирање во некој нареден период е јасно видлива во оваа посветеност и доследност кон еден таков чин.


Нормално, мора секогаш да се земе предвид напредокот на човештвото, неговите перцепции, знаења и начини на дејствување. Но, когнитивниот начин на размислување, кој го тера човекот да ја зема предвид иднината како еден толку апстрактен и незагарантиран концепт во предвид и не е толку суштински, длабоко сменет низ текот на историјата.


Иако можеби сѐ уште не можеме да дадеме конкретен одговор на прашањата дали и кое е значењето на нашето постоење и онаа амбиција која нѐ води. Можеме да си поставиме цел кон која треба да стремиме, бидејќи во најмала рака немаме како поумно да го потрошиме своето постоење. Можеби звучи грубо, но сепак има нешто крајно привлечно во егзистенцијалистичкото гледање на светот и сите во овој или во оној момент се сочувствуваме со Сизифовата мака.


Следствено на ова, пред замислата за иднината и таа да се претвори во сон, а потоа на сонот да му се придружи стратегија што ќе го претвори во цел, секој човек ја има должноста да си разјасни себеси и да испита што е она што за него значи индината и како, колку и што е спремен за истата да се вложи. Како и за секој амбициозен млад и полетен човек, така и за мене, иднината претставува сонлив, до некаде и идеализиран концепт, но исто и толку безвреден и неостварен без одговорност и нејзино исполнување. Токму затоа успешна е онаа иднина, која континуирано успева да ги претвори соништата на минатото во сегашност, онаа која докажува дека ја дораснува одговорноста и онаа за која се положуваат на време вистинските жртви.


Всушност модерниот човек, сѐ повеќе станува свесен за жртвите кои ги прави, најчесто и на дневна основа само за да си обезбеди потенцијално поголема сигурност во иднината. И не само тоа, туку и со текот на времето го видоизменува начинот на кој функционира системот, само за да овозможи реципроцитет на жртвата и добивката на идвидуата. Прилично едноставен пример за ова е сѐ поголемата желба на младите да се запишуваат на високорангирани образовни институции. Образовниот систем во современиот свет е конструиран така што за ова постојат критериуми кои ја дефинираат нивната компетентност, а таа пак се достигнува со огромен труд, но затоа пружи и огромна предност за исполнување на потамошните амбиции. Но, целиот овој процес е возможно и да се симплифицира со примери од секојдневието, како и некои навидум неважни дневни навики. Продолжувањето на животниот век и здравјето се најважниот фактор за опстанок, па така сѐ повеќе млади луѓе почнуваат посветено да ја разбираат важноста на грижата за физичкото здравје. Овие едноставни жртви, на неколку часа физичка активност, откажување од неколку калории во текот на денот кои чекор по чекор преминуваат во навики кои оставаат долготраен ефект, се еден вид гаранција за максимизирање на сопствената благосостојба.


Несомено иднината не може да ја предвиди, но таа е онаа за која има должност да ја изгради.

Comments


bottom of page