top of page
Writer's pictureКултура β

Леонид Велковски: Дали сме пасивна младина?

Шеесетите години и втората половина од минатиот век се ништо помалку од бунтовни. Се појавува рокенролот, се појавуваат хипиците. Младите не сакаат војна, сакаат мир, живот исполнет со слобода. Западниот млад свет се бунтува против авторитетите, им покажува дека тоа што го прават треба да остане во минатото и дека младите исто така имаат глас. Сепак тие млади бунтовници се наши родители, роднини, професори, можеби баби и дедовци. Тие го имаат оформено светот каков што го знаеме денес. Потоа се појавува и панкот, новиот бран со сите негови субкултури, метал музиката, гот музиката, модата се менува, станува авангардна , се појавува подоцна и хип хопот кој создава една цела нова култура, се појавуваат графитите, новата технoлогија потоа и рејвот , па се до денес кога не се појавува ништо ново ниту револуционерно.

Денес општеството е чудно. Чудно, но на лош начин. Младите воопшто го немаат она чувство на заедништво, отпор, револуција, бунт против авторитетот кој лошо се однесува кон младината. Носи лоши одлуки кои потоа можат да бидат патот на цела една генерација, кој ќе биде сигурно скршнат и со многу дупки на него. Младината денеска е пасивна. Денешното општество се врти кон политичката коректност, секој да остане затворен во својот свет и да не го иритира другиот. Но нели на тој начин општеството се повеќе се дели? Каде е размената на информации помеѓу одредена група на луѓе? Стари, млади. Металци, кej поп фанови, ,,aлтернативци”, ,,гасери”. Младите се сé повеќе поделени. Не значи дека сите треба да слушаат иста музика, да веруваат во ист Бог или да се облекуваат исто. Поентата е да има слога и заедништво кога нешто треба да се промени во општеството. Но и кога нема ништо поконкретно за промена, фали младешкиот дух. Фалат нови работи, нови случувања, нови нешта. Нова енергија. Моментално тоа го нема, а со секоја нова генерација, работите стануваат полоши. Како што авторитаризмот на Западот расте, така младината случајно или не случајно полека се задушува. Оние кои мислат дека прават промени, всушност не прават. Тоа се младите кои се кријат позади маската на либерализмот. Треба да го реобликуваме светот, да поставиме нови барања кои нашите ,,претходнци” нема да можат да ги стигнат. Само да погледнеме во минатото и сигурно ќе разбереме како сме дошле до сево ова. Ние, денешната младина не сме оргинални. Ние сме само едни копирачи, а не инвентори. Можеби се создадоа интернет субкултури, социјалните мрежи направија една култура на мим пејџови кои повозрасните не можат во целост да ги разберат. Можеби и на тој начин се пренесуваат политички пораки и свои размислувања, се водат интернет војни и идеолошки војни за разни теми. Но, вистинската војна се добива на улица. Не треба да оставиме и да дозволиме социјалните мрежи да не заведат во светот на комфортот на нашите рекомендед и персонално оформени инстаграм профили, фејсбук статуси и ју туб канали. Треба да се разменува миризбата на млади месо и крв која треба да создаде нов свет подобар за сите и за нови почетоци можности. Свет кој ќе го подготвиме и кој ќе биде подлога за новиот живот кој треба да следи. Како што графити уметниците краделе спрејови, цртале на јавни површини, така и ние треба да ја нацртаме новата порака до авторитетниот свет. Не слогата, не инертноста и не иницијативата на македонската младина се виде за време на протестите и бојкотот за матурата. Повеќе објаснување за бојкотот за матурата е веќе историја и тоа неуспешна. Иако короната кризата не затвори дома и сите се повлековме од социјалниот живот на некој начин, не треба да очајуваме и да чекаме нешто да се случи, туку треба ние да направиме нешто да се случи.

Треба да се чувствуваме слободни да кажеме е*и се, но сепак не сме, да направиме песна или филм ли постер за тоа што не мачи макар и голи да се соблечеме. Ни треба храброст, инвентивност, идеи, нов воздух и нов свет. Дали нашите родители бунтовници, не израснаа во пасивни марионети, со наполнети мозоци од онлајн пропаганда, треба да се запрашаме, а нив да им врземе еден шамар. Нивната бунтовност стана она што тие сигурно не сакале никогаш да се случи, а тоа е едно големо его, кое не носи ништо добро.

Разбудете се !11!1, доаѓа новиот свет!

Comments


bottom of page