Jас сум како кула
изграден и залепен
со цемент и тула
добро е одвреме-навреме
да се биде убаво затресен
и срушен под нула
ветерот дува
и прашината се крева
да се почне со работа
да се гради пак треба
кат по кат горе
брзо се оди
сé се пополнува
со шарени соби
последната тула свечено се клава
за последен пат со чекан се мава
а сега ќе видиме колку време
оваа кула ќе остани права
Comentários