top of page
Writer's pictureКултура β

Краток расказ од Иван Арсов

,,...Но, се поставува прашањето: Што е уметноста? Дефиниција за неа има, ама не ми се допаѓа тој концепт на збирање во две реченици на најголемото нешто овде во сегашноста и стварноста. Како може тоа да се собере во две реченици? Па самите ние сме уметност, а и самите сме уметници. Творецот е нашиот уметник, ние сме творци на нашата уметност, ние сме уметници на нашето творештво. Ако тргнеме да листаме по човек ќе забележиме дека секој по себе е уметничко дело. Еве пример некои се со портокалова коса, дека уметникот снемал јаглен па морал да зеде оган од нова искра и да го вдахне на нечија глава; некои ја носат бојата на морето во своите огледала, некои на хлорофилното зрно. Погледнете како се' е уметност, свртете се во секој агол и секоја заоблина и ќе најдете нешто уметничко. Погледнете во очите и кажете дека не наликуваат на небула со центар-црна дупка, погледнете ја структурата на ДНК, а потоа дуплата хеликс небула, или, пак, сличноста на невроцитите со космичката структура..."

 

Иван Арсов покрај неговата поема ни се претставува и со краток извадок од негов подолг текст. Уживајте!

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше...

コメント


bottom of page