Расфрлени спомени, прокоцкани години во хаосот и сивилото на животот, изгубени соништа некаде пловат по хоризонтот, премногу гладни за љубовта, а толку невини и млади за овие луди времиња. Ти и јас, соништата и младоста, Ја зграбивме и последниот ѕвезда што свети низ темнината,
Чекајќи го раното утро, Стуткани во прегратките барајќи го нашето припежиште Од сиот свет, Во Љубовта. Далеку од светот, твоите студени раце ме милуваат Додека сонцето ги топи боите на љубовта, Зборуваш како ќе го смениш светот со часови… (се смеам) Знаеш невозможно и залудно е. Под големото ведро небо се смееме на облаците додека тагата е на секој чекор, Но, со тебе полесно е сѐ Без тебе ова тело како без душа е. А времето, времето поминува како возовите од старите романи,
толку брзо и неосетно, а сепак остава траги, и секундата чиниш трае цела вечност, некогаш сѐ чувствуваш како да си во земјата на чудата, изгубените соништа веќе болат, ние премногу гладни за љубовта, а толку млади и студени да гориме во болката.
Joвана Анастасијевска е новата авторка која зема учество во нашиот двонеделен поетски циклус, а таа пишува поезија и проза.
„Уживам да пишувам и да ги пренесувам сите мои чувства и мисли во вид на стихови и зборови и сметам дека на крајот само тие се оние што ќе останат да живеат вечно некаде запишани. За мене Љубовта е најголема движичка сила и инспирација а уметноста како потреба на секој човек да ја оствари својата слобода. Сметам дека само душата на еден уметник е бесмртна.“ додава таа.
Comments