Го слушна разговорот
На ветрот и градот
Застана да го разбере
И така го виде небото
Со мирис на немирна луна
Впиен во здивот
На недофатно јаве.
"Знаете дека кратките поеми содржат најдлабока суштина?"
•
Софија Тодоровска е втората поетеса во нашата инста-стихозбирка. Таа пишува од своите 5 години и вели дека оттогаш поезијата е начин на кој ги изразува своите чувства и мисли. Покрај поезијата се занимава и со музика.
Comments