Стапки принцезови стапнаа земја, јорговани се послаа низ копно античко.
Флуресцент покрива величествено,
со јаболко црвено в рака сал,
пробод црн волк и неа дал.
Бегајќи со двоум дал доволно нејзино битие е, замок сретна сафиров.
Но од наметка нејзина конец се тегне,
ко време минејќи низ прекоров.
Пред неа река наеднаш виде,
од мастило црно.
Знаеше таа дека волк темен ќе биде,
откако изеде овци од ангелско трло.
Креација, од креација божествена,
убавина од убавина за која не знаеше Елена.
Трепки сведок за мост беа,
го направи од јаболкови лушпи,
кои откако остри солзи таа слеа,
нив ги створи.
Совест јадна дозвола не и даде,
плод змијов да јаде.
Го остави на зелени плочи,
подарок за дивото куче со сатанови очи.
Гола остана пред порти од кристал,
за помош никој ко неа не бликал.
Со плач потажен од најтажното се натажи и рече:
"Вакум од мои поседување ви нудам!
единствено што барам е,
со почит да се будам!"
Мислејќи ќе биде слушната
со длабок сон постана гушната.
Глигор Глигоров е млад поет од Кавадарци. Тој за себе вели: „Средношколец кој го наоѓа мотивот на поезијата од парадоксот од апстрактноста и едноставноста на секој поединец. Која е тешко и сепак ретко напишана. Но неопходен е изливот на прекумерните чувства, кои ги чувствува еден типичен адолесцент.“
Comments