top of page
Writer's pictureКултура β

Души - Александар Величков

Какви луѓе има пријателе, да не можеш да ги оставиш на раат од прегратки, од муабет и зборување, да ти е малку и цел ден со нив. И цела недела и цел месец. Да самата нивна појава тебе те ежи,

те стоплува и кога надвор снежи, те растреперува и возбудува, толку силно да ја осетиш возбудата до најкрутата коска во тебе. Ти предизвикуваат насмевки на лице, од кои те заболуваат мускулите од смеење. Такви се тие искрени и добродушни, премногу мили, туѓата среќа е нивна среќа, а, за тага не знаат. Тие за лошо не слушнале, на доброто дупло враќаат и уште даваат. Не гледаат колку ќе земат, важно им е да дадат колку што можат. Па, ако треба и уште повеќе. Но, има една вистина која боли. Малку е горка и тажна, но сепак многу важна. Горка како кафето наутро кога ќе го подготвиш, да ти делува колку е можно повеќе. Тие луѓе пријателе колку и да се добри и вистински, чесни и искрени, најмногу страдаат, најмногу се повредувани, доста често и на болка осудувани.

Тие најмалку ја чувствуваат среќата, која на други ја нанесуваат, а, најмногу болката кои токму тие истите

им ја принесуваат. Принесена на тацна, како локумот заедно со истото тоа горко кафе. Нив пријателе нешто од страна ги уништува, нешто сосем трето ги скротува,

нив пријателе средината ги јаде, како црвот листовите во градина, после дождот. Како најубавото цвеќе во таа градина ќе бидат искорнати, откако ќе помине градскиот фраер,

па ќе и поклони мало внимание на својата нежна половина. Па, трдудејќи се да го разубават секој ден, поставени во некоја керамичка вазна среде соба, чија што вредност навидум е поголема од самото цвеќе во неа, на крајот сепак овенуваат

и сами остануваат. Несебично дел од себе поклонуваат, за добар свет околу нив сонуваат,

и со ведри и мирни мисли размислуваат, да би можеле со другите целосно да се сочувствуваат. Со тие луѓе би пловел и во непознат правец, би патувал и во најгустата темнина, длабоко во ноќта, не би се плашел од ништо,

да ти кажам искрено. Но, зошто кога човек нешто сам на себе ќе стори, ќе биде осуден толку страшно,

како на другите да наштетил? Зар нечиј живот е навистина мал и краток, сув и толку многу исушен, да мораш на друг вода да му налеваш?

Чувај ги оние луѓе пријателе, на кои мислиш додека ова го читаш и токму сега ти по нив во мислите скиташ. Чувај ги токму тие, од кои тебе душа мирно ти спие. Не дозволувај да од љубомора и алчност, нечија скршена и празна крошна се разграни, па мирното море во тебе го разбрани. Чувај ја онаа веќе со љубов исполнета крошна до тебе, која знае токму од таквите ветрови да те покрие, мирно да те сокрие,

и цел живот спокој на душата, тебе да ти е.

 

Повторно го читаме нашиот ẞ-поет Александар Величков, чија приказна започна во месец март 2020 година. Тој сфати дека од толку многу луѓе на овој свет, треба да се биде човек. За себе вели дека зборува за гласот на тишината, пишува за сето она кое го изговараме со затворена уста. Инспириран е од ,,малите луѓе" во овој голем свет и затоа се одлучува сето она кое му потскокнува во душата да го пренесе на лист хартија. Инстаграм профили: @aleksandarvelickovv & @doseoffalex


Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comments


bottom of page