Месечево око кон земјата гледало и соѕвездие темно наседнало,
кога во пандемониумската градина се рашири мелодиски сонет луциден
и смртните господари палеа свеќи на Луцифер.
Штом во долината ја снема таа гробарска тишина,
штом ја чув таа длабока бука,
сфатив дека циркусот е празен, а сите кловнови се тука.
Ова не е парадоксална фантазија носена на овие поетски рамења,
ова е беседа за свет зол што кон Бог фрла камења.
Политичките фантоми кршат мостови меѓу запад и исток,
а од подземните пламени реки ни се потсмева Фаустовиот пискот.
Се трага по надежта што ќе не изведе од амбисот што е се само не мал,
бидејќи во земјата на слепите, едноокиот е крал.
Изговарам молитва за почеток на милениум мировен,
а дотогаш нека се разбуди човекот на Диоген.
Четвртиот автор кој зема учество во нашиот двонеделен поетски циклус е Лука Иванов кој за себе вели: „Војник со пенкало како меч и хартија како штит на шаховската табла на книжевноста.“
コメント