top of page
Writer's pictureКултура β

Дожд - Тамара Мирческа

Јас

И

Ти


или

Јас

И

Себе


Некои дождот го доживуваат како романса во која си гушнат со својот омилен Лик и нежно ги впиваш капките во секоја своја пора


ЗАЕДНО

Накиснувате сѐ додека студот не се всели во твоите коски


Насмеани


Вашите тела го играат танцот кој ја отсликува вашата љубов и радост


Насмев

Искри

Бакнежи


Летаат во безбројни количини


Студот не го впиваш овојпат


Го впиваш тогаш, кога сам ја одигруваш таа сцена

Кога дождовните капки го скокоткаат твоето тело

а

ти си скаменет и немаш претстава што сѐ се случува во светот,

ама знаеш кој бродолом го чувствуваш во себе


Дали недостасува Лик, Емоција, дел од Себе

Нешто фали а дождот е кривецот кој те присеќа на тоа Нешто


Затоа


Верувај во тоа дека не секогаш дождот со себе ги носи убавите романси исполнети со песна, сочни бакнежи и танц

Некогаш ги носи спомените на тие романси кои откорнуваат и непрекинато болат


Некогаш пак и носи една генералка со себе


Нели, како струи водата така и треба да изминат сите маки, целиот терет од нашите мисли и срца

Па

зошто едноставно да не го примуваме тоа?

Денес заврна,

Не тагувај и не ја отплакувај завршената и романсата која можеби ти го скршила срцето


Исчисти си ја Душата

Нека звукот на тапкањата од дождовните капки биде твојата мелодија за чистење на твојот Дух


Нека дождот биде твој Почеток


Денес заврна


Отвори ја новата страница на твојот живот и излези надвор


Исплачи ги своите Мисли и Емоции

Оживеј ги

А остани нека небото плаче со тебе


Потоа испиј си топол чај и разговарај со Себе


Помини квалитетно време со тој Себе и

направи убав разговор со што ќе започнеш ново поглавје

Новиот Ти

Со исчистен Дух


Нека врне

Нека истура


Ти секогаш радувај му се како мало дете и насмевни му се


Одново

и

Одново

 

Тамара Мирчевска е поетесата која е дел од третиот ден од поетските недели на Култура Бета. Таа за себе вели: „Моментално пловам во своите 20 години живот. Автор сум на збирката проза и поезија насловена ,,Скриените зборови”, која трпеливо го чека изгрејсонцето на полиците од библиотеките на луѓето кои го почитуваат и љубат пишаниот говор. За читателите да ја откријат мојата поезија, можат истата да ја проследат на моите инста профили @_devojkatasosiniteoci_ и @t_mircheskaa.“


Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comments


bottom of page