Те сонувам. те барам онаму каде што знам дека нема да те најдам. Една слика, еден збор, би го прифатила и да е лош. Се будам, те барам до мене, во мене, а знам дека си далеку од мене. Пијам кафе, те барам во горчливиот вкус, во темното кафенило. Излегувам, те барам и мечтаам да те видам, за еден миг од времето да си мој. Те гледам, те најдов, толку вистински колку и лажен, те знам добар, а сега си злобен. Ме лажеш, те лажам, И што кога те најдов? Сакаш да сум твоја, а ти припаѓаш само на себе. Си легнувам, спијам. Те сонувам, те барам и знам дека ќе те најдам. Ме сакаш, те сакам, јаве си или сон?
Деа Балкански е поетеса која доаѓа од Неготино, таа главно пишува поезија на англиски јазик, а поезијата ја сака затоа што претставува уметност која им дозволува на писателите да одберат дали сакаат да ги следат правилата или не, а читателите да ја сфатат секој на свој начин. Таа е авторка на стихозбирката ,,All my good, all my bad, all my life" која беше издадена оваа година, а за која повеќе може да дознаете на интервјуто со Деа кое го направивме по повод нејзината промоција: https://www.kulturabeta.com/post/β-муабет-со-деа-балкански
Comments