Сите сме биле, а и сите сме го виделе. Двојникот зад аголот кој се буди. Нашите денови ги нижи како свои, а своите со магловита трага ги двои. Двојникот зад аголот кој битисува. Во замена за минатата ентропија, ја согледува современата полнотија. Двојникот кој пред аголот се исправа. Поглед кон нов хоризонт, тоа е мечта на двојникот.
Теодора Тодорова е авторка на песната „Двојникот зад аголот“, таа доаѓа од Скопје, а учи во СУГС Гимназија „Јосип Броз - Тито.“
Comments