top of page
Writer's pictureКултура β

Голтка - Сузана Плачкова

Дувни ветар разнеси ме,

пекни сонце пеплосај ме.

Од пепел Феникс да се родам,

ветер низ крила да осетам.

Дно под еднаш треба да е

па да тресни срце камен сив,

да пушти искра жаровна,

за нов ден, за ново сонце.

Од бистар извор

очи да измијам,

во златни зори

тебе прво да те гледам.

Да ми скрасиш денот

птицо песнопојна

да ми сладиш душа

со локум усни.

Дојди ми в прегратка

Ти ѕвездо најсветла,

дојди ми со насмевка навезена.

Трпеза бакнежи за тебе постилам

да вкусиш залак карат,

да пиеш вино нектар чист.

 

Сузана Плачкова е уште една поетеса која зема учество во нашата бета-стихозбирка.


Таа на кратко за себе ни кажа: „Архитект, неуморен патник и заљубена во ликот и делото на Кочо Рацин. Пишувам додека патувам.

Непоправлив оптимист и верувам дека љубовта ќе го спаси светот.“

Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comentarios


bottom of page