Слушни!
Ме повикува гласот твој,
ме кани, ми вели:
„ Дојди, овде сум !“, ама
знам дека не можеш
дека не смееш
дека се плашиш.
Се чувствуваш осамено,
немоќно,
скршена си...
Но тој се’ уште бие
и станува посилен.
Обиди се
да го слушнеш,
да го допреш...
Обиди се,
обиди се да го разбереш,
да го натераш тој да те разбере,
да те слушне, да замолчи, да стивне
или со најсилна нота да каже...
Застани! Не оди!
Врати се и остани!
Немој! Ќе погрешиш...
Замини.
Нашиот нов поет кој зема учество во нашата ẞ-инста-стихозбирка е Дарко Наковски од Штип. Уживајте во неговото дело!
Comments