Во продолжение прочитајте го вториот дел од циклусот на негова поезија:
За една, за некоја
За една, за некоја,
Која насмевкaта,
Секогаш ѝ го краси нејзиното,
Прекрасно лице,
Со тие тсни,
Црвени како зрела цреша.
За една, за некоја,
Која е најубавата на светот,
Која секогаш блеска,
Со нејзината привлечност,
Со нејзината харизма,
Со тоа што е она.
За една, за некоја,
Која е ќерка на боговите,
Сестра на небото и ѕвездите,
И перфекција на совршенството.
За една, за некоја,
Која очите ѝ кријат светови,
Досега непознати,
Очи кои говорат сами за себе,
Без збор да изустат,
Очите во кои се губам,
Очите кои ги сакам.
За една, за некоја,
Која косите ѝ се како,
Најмекиот памук,
Од кој е извезено,
Боженсувено платно.
За една, за некоја,
Која дланките ѝ се од,
Најнежната свила, понежни,
Дланките кои зрачат љубов,
Кои даруваау љубов,
Дланките кои сакам да ги држам,
Сега и засекогаш.
За една, за некоја,
Со име како мелодија,
Со букви како нои,
Што низ грло сами минуваат,
Штом ја видам.
Името нејзино,
Е божество мое.
За една, за некоја,
Која нема збор што ја опишува,
Нема сликар што може,
Да го наслика тоа совршенство,
Таа перфекција,
Нема ниту песна, ниту нота,
Што може да ја отпее,
Убоста нејзина.
За една, за некоја,
Која срцето ми го топи,
Како мраз на сонце,
Што ми ги сплеткува мислите,
Како јазол,
Без почеток и крај,
Како Медуза ме скаменува,
Јас сум до уши,
Заљубен во неа!
За една, за некоја,
За неа...
Дијамантите се безвредни,
Светот е мал,
Ѕвездите се малку,
И универзумот е премногу мал,
Бидејќи на неа,
Не ѝ значат предметите,
Туку љубовта од човекот кој ја сака,
За неа,
Само љубовта моја.
Ја сакам,
Нека знае!
За таа што ја сакам...
За другарка ми Симона...
За другарка ми Симона,
Има многу за раскажување,
Но нема зборови да се опише тоа.
За другарка ми Симона,
Другарката со најубавите,
Светло зелени очи,
Како природата в пролет.
За другарка ми Симона,
Другарката со најчистото срце,
Кое ретко кој успева да стигне до него,
А тој што ќе стигне, лесно го губи.
За другарка ми Симона,
Неа би ја чувал како сестра,
Бидејќи добрите луѓе се ретки!
За другарка ми Симона,
Смеата ни беше јазик на разговорот,
Солзите пак, јазик на тајните.
За другарка ми Симона,
Која заслужува со право,
Да се вика моја другарка.
За другарка ми Симона,
Како неа посакувам,
Сите да беа.
За другарка ми Симона,
За неа сета среќа и радпст,
За неа сета љубов и смеа.
За неа сè, на овој свет!
За Симона
Небото во пламен
Гори небото!
Гори небото,
Жолти пламени од запад,
Горат до исток,
Се протегаат,
Долж небото.
Кој го запали ова небо?
Кој подметна пламен?
Каде отиде синилото?
Каде?
Бујни пламени,
Жолти и црвени,
Помеѓу портпкалови нијанси.
Гори со минути,
Минути спокоен пламен,
Но полека небото се гаси,
Се гаси и црнило останува.
Како изгорена шума,
Со мали пламенчиња,
Кои треперат,
Но никогаш не догоруваат,
На ова небо,
Ова волшебно небо.
Пламенот згасна,
На небото,
Но продолжи да гори во мене,
Да ми ги гори очите,
Од таа слика,
На небесните пламени,
На небото во пламен...
Парче небо
Парче леб за душава,
Парче топол дом за срцево,
Парче небо за умов.
Едно парче леб сакам,
За душава ненаситна,
За да останам жив.
Паче топол дом сакам,
За срцево да биде среќно,
За јас да сум насмеан.
Парче небо сакам,
За да мечтаам,
Да сум слободен во мислите,
Како бел гулаб в лет.
Парче за мене...
Последната песна
Би те возвишувал,
Како некогаш што знаев,
Но нема...
Бидејќи некогаш имаше причина да те сакам,
Имаше причина тоа да го правам,
Сега...
Немам причина ниту да те споменам!
Но попусто,
На ова срце му недостасуваш,
Го јадеш,
Иако не те гледа,
Иако не те сака,
Сепак...
Тоа ја сака и болката од тебе,
Бидејќи е од тебе.
Застанувам на балконот,
Во два часот наутро,
И погледнувам нагоре,
Кон небото,
Онаму каде што се надевам дека ќе те видам.
Иако длабоко во мене има глас,
Има ехо,
Кое вели,
„Не гледај и не барај ја,
Таа замина,
И никогаш нема да се врати!“.
Би можел да пишувам до бескрај,
Би покажал и солзи со стихови,
Нема ништо да те врати!
Затоа ќе престаанам тука,
Ќе запрам,
Онаму каде што можеше сè да започне!
Моја „Драга“ со ироничен
Утрото до неа
Сакам да се будам крај две очи засекогаш.
Сакам да се разбудам пред неа и да ја гледам.
Да ја гледам и да ѝ се восхитувам,
На тоа колку убаво спие.
Сакам да ја бакнам во челото,
И таа несвесно да ми се насмевне.
Сакам да ја гледам муграта и изгрејсонцето,
Бидејќи тие секогаш ми даваат надеж.
Сакам да ја гледам неа,
Бидејќи не постојат поубави очи,
Од очите на саканата.
Сакам секое утро до крајот на животот,
Да ја будам со појадок во кревет.
Сакам да го пиеме нашето утринско кафе заедно,
Седнати на балконот, прегрнати и малку поспани,
Во утринската тишина на градот,
Во раните утрински часови.
„Добро утро моја драга“,
И бакнеж на нејзиното чело,
Е мојот начин да ѝ кажам „Те сакам“,
Во раните утрински часови.
Comments