Овонеделник (30.11.-6.12.2020) β-уметник на неделата е веќе добропознатиот фотограф Никола Јовановиќ, кој до сега двапати се има појавено во склоп на нашата уметничка рубрика. Покрај неговите добро познати црно-бели фотографии овој пат ни се претставува со четири авторски дела изработени со полароид камера.
Ја засакал фотографијата поради неговиот професор по фотографија за кој вели дека максимално го инспирирал.
"Во секојдневниот живот на улиците постојат моменти кои имате прилика само еднаш да ги видите.Тоа е една од причините зошто обожавам streetphoto." ни раскажа Никола.
Comments