Овонеделникот β-уметник на неделата (8.11.-14.11.) е уметницата Александра Бунташоска. Таа доаѓа од Охрид, а моментално студира ликовна уметност на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на смерот за класично сликарство.
„Уметноста и креативноста од мали нозе ми беа патоказ за иднината. Знаев дека ќе се занимавам и работам на тоа. Најчесто изработувам портрети со јаглен и молив и слики на платно со акрил и масло.“ вели таа за себе.
Повеќе од уметноста на Александра видете на нејзиниот инстаграм профил @aleksandraz.art
Comments