Режија: Park Chan-wook
Улоги: Kim Tae-ri, Kim Min-hee
Времетраење: 168’
Земја: Јужна Кореја
Жанр: Драма/трилер/романтика
Базиран на романот Fingersmith (Sarah Waters, 2002), „Слугинката“ е поделен на три дела и се одвиваво Кореја за време на јапонското колонијално владеење и го разгледува односот помеѓу двете протагонистки, богатата наследничка Хидеко и нејзината слугинка. Филмот се справува со теми како женска сексуалност, семејно насилство, психолошка траума, љубов помеѓу две девојки, слобода и моќ на еден сосема неочекуван начин, а исполнет е со предавство, интима и зрелост. Станува за збор за исклучително еротски филм, но сепак во овој случај, тоа е направено естетски и природно, а не служи единствено за примамување на поширок круг на публика. И покрај должината (речиси 3 часа), не само што дејството во ниеден момент не е здодевно и празно, туку напротив, секоја минута ве става сѐ повеќе во неизвесност за следната. Ако за некој филм може да се каже дека секој кадар е уметничко дело, тогаш тоа е овој.
Comments