top of page
Writer's pictureКалина Качоровска

β-предлог филм: The Life Aquatic of Steve Zissou

Режија: Wes Anderson

Година: 2004

Улоги: Bill Murray, Owen Wilson, Cate Blanchett, Anjelica Huston, Willem Dafoe

Времетраење: 118’

Земја на потекло: САД

Жанр: Комедија, драма

Му дојде времето на Вес Андерсон, богот на претенциозноста. Ама ако, нему му дозволуваме да е претенциозен!


Главната улога ја игра секогаш генијалниот Bill Murray, глуми еден многу специфичен океанограф чија цел во дејството на филмот е да се одмазди на јагуар-ајкулата која му го убива парнерот. Тој и неговиот тим прават документарци за морскиот свет, но немале комерцијален успех последните години. Е, покрај тоа се појавува и Owen Wilson кој тврди дека му е син. Звучи малку чудно? Чудно и е!


Филмот е посветен на легендарниот Jacques Cousteau, па во негова чест сите носат црвени капи и сини кошули.


Покрај добропознатиот визуелен стил на Андерсон (кој или го сакате или не), филмот е надополнет и со хумор кој не е лесно да се свари, но е во секоја смисла предобар, сериозни животни чувства и тематики кои не се приложуваат со сериозен тон, а сепак кажуваат многу.


Како јаготка на шлагот на овој прешармантен филм е и ликот на Seu Jorge кој низ текот на целите два часа свири португалски верзии на песни од Дејвид Боуви.

Comentarios


bottom of page