Режија и сценарио: Gaspar Noé
Улоги: Sofia Boutella, Romain Guillermic , Souheila Yacoub
Кинематографија: Benoît Debie
Времетраење: 96’
Година: 2018
Земја на потекло: Белгија
Жанр: психолошки хорор
,,Климакс” е класичен пример какви несакани последици може да предизвика конзумирањето на психоделични супстанци во непогодно време, несвесно и неспремно.
Дејствието се случува во 1996 година, кога една француска танцувачка трупа се собира во напуштено училиште за три дневна проба, а потоа прави забава. На забавата трупата пие пунч во кој некој ставил психоделична супстанца без тие да знаат.
Прво секој меѓу себе се озборува, кажувајќи си меѓу себе некои долго чувани мисли, а потоа темпото на забавата се забрзува како што и музиката продолжува да станува погласна, а членовите на трупата почнуваат сè повеќе да го чувствуваат дејството од супстанцата. Меѓутоа филмот станува и сè повеќе вознемирувачки, така што се следи скоро секој член на трупата и проблемите со кои тие се соочуваат. Одредени членови стануваат насилни, други уживаат и танцуваат, а некои сосема се избезумени и за жал прават големи животни грешки.
Кадрите кои што траат долго, наглото вртење на камерата, врескањето и променливото светло навистина го пренесуваат тоа што и самите ликови го чувствуваат: болка, изгубеност и страв.
Она што го прави овој филм уште повознемирувачки е фактот дека филмот е направен според вистинска приказна.
Comments