Автор: Реј Бредбери
Година на издавање: 1953
Жанр: дистописки роман, научна фантастика
Наслов на оригиналот: Fahrenheit 451
Осврт:
Реј Бредбери е еден од најмаркантните американски автори, од плеадата основоположници на научно- фантастичниот книжевен жанр.
Неговото дело опфаќа една безвремена рамка на дејствување, нешто што се должи на неговата исклучителна способност да проникне во сржта на постоењето на човештвото во една околина и во едно време, а притоа да ги издвои нишките кои не зависат од ваквото опкружување.
Со тоа, Бредбери го предвидува правецот во кој ќе се развие човечката мисла, а притоа на каде ќе се истакнат неговите болести. Следствено, во делото „Фаренхајт 451“ авторот создава една дистопија преку која пластично ги олицетворува своите согледувања и критики и дава една мошне точна проценка и дијагноза на севременото човештво, слично на начинот применет од авторот Џорџ Орвел во своето дело „1984“.
Имено, дејството се случува во некое идно време, во едно напредно општество чие функционирање претставува кулминација на сите човечки тенденции чиј зародиш го забележува авторот во своето време и својата околина.
Луѓето го имаат пронајдено совршенството во начинот на секојдневното функционирање, созавајќи природа несвојствена за човековата дефиниција. Мислата на поединецот станува куса, лишена од секакво застранување од основната функција во својата околина. Тоа доведува до неминовна алиенација на човекот од своето опкружување, оградувајќи го човековото
заедиштво од секој емотивен концепт.
Првиот столб на кој Бредбери ќе ја изгради својата дистопија е токму тоа да се посегне по она што претставува исконска дефиниција на човештвото. Заедниците стануваат чисто општетсвени функционални единици, а со тоа се урива нивната духовна природа- она што го издвојува човекот од останатите живи организми.
Тоа нѐ доведува до втората особина на дистопијата на Реј Бребери: книгите се сторого забранети, а законот е регулиран од специјална пожарникарска служба, одговорна за спалување на секоја пронајдена книга што случајно останала неуништена. Човештвото станува совршено свесно за моќта што ја има интелектот и духовноста на поединецот- она што ја одликува неговата супериорност над било кој друг органзам. Тргнувајќи од тука, функционалната беспрекорност на едно вакво општество може да се постигне само доколку ваквата предност на поединецот му биде ускратена.
Главната сижејна линија се провелкува низ ликот на Гај Монтаг и неговиот мисловен развој, пожарникар кој е директно соочен со концептот на таквото совршенство, но постепено ја открива својата човечка природа и станува свесен за несоодветната положба во која е притиснато личното постоење на поединецот. Ваквото сознание му наметува порив да се избори против системот, претворајќи се во секоја негова контрадикторност- контраст прку кој Реј бредбери ја дава својата најсилна критика и најлуциден опис на сопственото согледување.
Преку своето извнонредно дело „Фаренхајт 451“ авторот успева да продре во севремената димензија на постоњето на поединецот, развојната тенденција на човештвото и ги открива столбовите врз кои се гради неговата дефиниција. Земајќи ја темата поврзана со литературата како најнепосреден медиум за човекото духовно изразување, Бредбери посочува на насушноста од неа и го навестува падот на човекот кој сака да се огради од својата нематеријална природа за да создаде едно совршенство кое ќе биде несоодветно на човековата нарав. Тоа ќе ја доведе неприродната беспрекорнос од апсолутен ред до апсолутно безредие- парадокс кој лежи во мотивот на овој роман.
Цитати:
„ Скрши го отпорот на човекот. Којзнае што може да му биде целта на начитаниот човек?“
„ Секој од нас не е роден еднаков и слободен, како што вели Уставот, туку сите се станати еднакви.“
„Црнците не го сакаат Малиот црн Самбо. Запали го. Белците не се чувствуваат добро поради Колибата на чичо Том. Запали ја! Луеѓето од тутунската индустрија плачат? Запали ја книгата.“
„ Ако не сакаш политички несреќен човек, не преочувај му две страни, за да не поставува пршања; дај му само една. Или уште подобро, не предочувај му ниедна. Пушти го нека заборави дека постојат војни.“
„ Гледате ли зошто книгите се омразени и луѓето се плашат од нив? Тие ги прикажуваат порите на лицето на животот. Луѓето што живеат во комфор бараат само депилирани лица, како месечина, без пори, без влакна, без изразност.“
Белешка за Авторот:
Реј Бредбери (1920-2012) е американски раскажувач, романсиер, сценарист, есеист и поет, автор на над 50 книги од најразлични жанрови, од научна фантастика до мистерија.
Во 2009 година ќе рече за себе: „ Отсекогаш бев хибриден автор“.
Иако го сметаат за бард на научната фантастика, тој самиот сметал дека еинствено „Фаренхајт 451“ е научнофантастичен роман заснован врз реалноста, додека неговите други дела се фантазија.
Не го завршил колеџот и почнал да се издржува со продавање на дневни весници. Се дообразувал во библиотеките, каде ја открил и ја засакал научната фантастика.
Во 1947 ја објавува првата збирка раскази Темен карневал. Поглем успех постигнува во 1950 година со збирката Марсовски хроники во кои ја пренесува интересната приказна за колонизирање на Марс од страна на Земјаните.
Други познати дела му се збирките раскази: Лек против меланхолија, Илустрираниот човек, Сончевите златни јаболка, Побрзо од окото и други.
Негови попознати романи се: Вино од глуварчиња, Нешто чудно нѐ привлекува, Гробишта за лудаци, Зелени сенки, Бел кит, Дојдено од вселената и други.
Многу од неговите дела се филмски адаптирани, меѓу кои и класиката Фаренхајт 451.
Продал околу 8 милиони примероци од своите книги кои се преведени на над 36 светски јазици.
Според повеќето книжевни критичари, Бредбери е еден од најзаслужните автори за влегувањето на научната фантастика како жанр во литратурата.
Неговото име е секогаш на врвот на листата на најначајните научнофантастични автори на XX век, покрај Исак Асимов, Артур Кларк, Роберт Хејнлејн и Станислав Лем.
Пишувал и мјузикли и сценарија- за Моби Дик и Кралот на кралевите, а пишувал и за првата сезона на Зона на самракот.
Ги има добиено: Светската награда за фантазија, Стокеровата награда, како и специјалната Пулицерова награда во 2007 година.
(Биографијата на авторот е превземена од македонското издание на книгата „Фаренхајт 451“ од издавачката куќа „Три“)
Comments