Автор: Френсис Хоџсон Барнет
Наслов на оригиналот: The secret garden
Година на издавање: 1911
Жанр: роман
Осврт:
Френсис Хоџсон Барнет припаѓа на плеадата најистакнати англо-американски писателки на деветнаесеттитот и раниот дваесетти век, позната по својот широк творечки опус во кој драмата и романот се изделуваат како најкарактеристични форми на нејзиниот литературен израз.
Барнет особено се афирмира во творештвото на детска литература со што останува запомнета по своите познати детски драмски остварувања, куси раскази и новеки со кои израснале многу генерации.
Со своето дело Френсис ќе донесе еден мотивски новитет на тогаш актуелната литературна сцена, поддржана со неверојатна дарба за детално пресликување на општествените и животни портрети, центрирани во животот на средната работничка класа.
Уште еден мотив кој се исцрпува од карактеристичниот, длабок сентимент на авторката е процесот на растење и иницијација на младиот човек во светот, соодветно, неговото сетилно и чувствено будење и созревање, положен во основата на романот Тајната градина.
Мери не го познава светот надвор од домот и своите слугинки кои ги имаат сите должности и покорности кон неа, воедно надополнувајќи го отсуството на родителите зафатени со бројните забави и формални појавувања кои се во склоп на елитната општествена поставеност.
Непосредно по смртта на своето семејство, таа се преселува на имотот на својот богат вујко кој живее во мало село во близина на Јоркшир во Британија.
Романот изобилува со пасторални пејсажи и топли, вивидни описи на природата и наравот на локалните жители со што се утврдува изразитата дескриптивна моќ на Барет.
Ленокс не умее да го осознае и афирмира своето чувствување, што остава впечаток на човек кој не е способен да чувствува и сочувствува, карактеристика заради која не умее да оствари здрава комуникација со своето опкружување.
Нејзин противположен крепител е ликот на истогодишната куќна помошничка Марта која заради својата простодушност, но и секојдневно соочуање со прашањето за егзистенција на своето многучлено семејство, успева да проникне во суштините на живеењето и да го разбере светот од еден реален, фундаментален аспект. Ваквата улога се изразува во ликот на нејзиниот брат Дикон кој ќе биде првиот причинител на, за Ленокс, сосем непознати чувствени придвижувања.
На имотот на својот отсутен вујко Мери случајно го запознава својот умислено болен браучед кој никогаш не го видел сонцето, ниту пак можел да застане и да зачекори, верувајќи дека е инвалид, онака како што неговата гувернанта одбрала да го убеди и живее сам во својата темна соба плашејќи се од смртта со која е запознаен повеќе одошто со животот кој го очекува.
Барнет поставува јасна аналогија помеѓу чувствената инхибиција на Ленокс и физичкиот инвалидитет на нејзиниот братучед, прикажана наспроти живата проникливост на Марта и Дикон.
Таа речиси инстинктивно пристапува кон обнувување на она кое било догло заборавено, причинувајќи меѓу смртта да изникне животот, во кругот на едно вечно движење и преродување.
Братот на Марта е момче со неверојатна способност да ја наслушне природата и да го чуе говорот на птиците и тревките, антропоморфна претстава на животот и суштнската инкарнација на живототворната љубов. Како таков, тој е основен иницијатор на малото девојче кон своето будење.
Гледајќи ја градината како расте и се менува, а приоа чувстувајќи ја силата на чинот на создавње на новиот живот Мери ја осознава љубовта и ги отфрла своите стеги, симблично пресликано во оздравувањето на нејзиниот братучед, кој во градината, за прв пат ќе научи самостојно да чекори.
Во едно од своите најпознати дела, Френсис создава вивидна илустрација на процесот на отфрлање на духовниот и чувствен инвалидитет на младиот човек, наметнат од отсуството на љубов и ематија во периодот на неговото личосно оформување, но и интимното будење на детето кое полека постанува човек.
Тајната градина е сиот свет во кој човек учи да го препознае животот кој извира од секој негов агол и воедно да го прифати и понесе, радувајќи се. Соодветно, своето денешно излагање го заокружувам со мислата која го поврзува и возгласува мотивот на делото во својот отрковенски облик: „Ако гледаш на правилен начин, тогаш ќе видиш дека целиот свет е една градина“
Цитати:
„Ако гледаш на правилен начин, тогаш ќе видиш дека целиот свет е една градина“
„Пролетта доаѓа? Како изгледа таа?- таа е сонцето кое свети во дождот и дожтот што паѓа на зраците“
„ Да дозволиш тажната мисла да навлезе во твојот ум е исто толку опасно како да внесеш бактерија на скарлетна треска во своето тело. Ако ја оставиш да остане таму, ќе донесе со сене уште многу и можеби никогаш нема да замине сѐ додека живееш.“
„Безразлика колку години живееше Мери, таа секогаш чувствуваше дека никогаш не треба да го заборави првото утро кога нејзината градина почна да расте“
Белешка за авторот:
Френсис Хоџсон Барнет, (24 ноември 1849, Манчестер, Англија—29 октомври, 1924, Пландом, Њујорк, САД), е американска драмска писателка и романсиерка, позната по романот „Малиот господар Фаунтлерој“.
Франсес пораснала во мошне скудни материјални услови по смртта на нејзиниот татко во 1854 година. Веќе во 1865, нејзиното семејство имигрира во САД ,во Тенеси кај својот вујко кој ветува дека ќе им пружи одредена финансиска поддршка. Сепак тоа не се остварува. Во Во 1868 првата приказна на Хоџон е објацена во книгата за дами на Гуди, а по неколку години стана редовен објавувач во голем број актуелни списанија. Во 1873, по една посета на Ангија Хоџсон ќе се омажи за Др. Сван Мосес Барнет (со кој ќе се разведе во 1898г.)
Првиот роман на Барнет, That Lass o’ Lowrie’s, е издаден во 1877. Исто како и во нејзините куси раскази, во романот се истакнува способноста на Барнет да создаде детални описи на сцени од животот на работната класа. Овие описи и мотиви претставувале своевремен новитет на литературната сцена. Истите претставуваат надополнение на фабуалта карактеризирана со голем број непредвидливи пресврти и романтични елементи.
Откако се преселила со својот сопруг во Вашингтон, Барнет напишала повеќе романи меѓу кои попознати се: На Хаворт (1879), Лузијана (1880), Фер Варварин (1881), како и драмата Есмералда, a (1881), напишана со актерот и драматург Вилијам Жилет.
Нејзини подоцнежни дела се Сара Кру (1888), драматизирана како Малата принцеза (1905), и Тајната градина (1909).
Во 1893 издава мемоар на својата младост, Онаа која ја познавав најдобро од сите. Од средината на 1890те, па сѐ до годините непосредно пред нејзината смрт, Барнет живеела во Англија, по што повторно се вратила во САД каде починала во 1924 година. Нејзиниот син ќе издаде биографија за својата мајка во 1927 година.
Comments