ẞ-фактопедија: Герника
Доколку некогаш сте навлегле малку подлабоко во историјата на уметноста сигурно, барем еднаш, сте се сретнале со делото ,,Герника” на еминентниот уметник Пабло Пикасо. Тој, за прв пат дотогаш, вешто успева да вметне нова димензија на ликовната уметност – времето. Ова дело спаѓа во правецот на кубизам, кој го препишуваме на самиот Пикасо, и во космополитниот надреализам.
Инспириран од свирепото бомбардирање на градот Герника на 26 април 1937 година, за време на граѓанска војна во Шпанија, истата година Пикасо ја прикажува голготата на народот и нацистичката суровост на неговото платно. Една анегдота, која говори за храброста на Пикасо да го нацрта ова дело, ни кажува како при една провала, од страна на еден од Гестапо чиновниците, во неговото ателје каде што ја чувал оваа слика, го прашал Пикасо ,,Ти го направи ова?”, ,,Не” одговорил Пикасо, ,,вие го направивте ова!”.
Покрај важноста која Пикасо ја остава во светот на уметноста, со ова дело, остава и трага во историјата, со што на некој начин ја претскажува светската катастрофа која следува неколку години подоцна.
Новата рубрика на Култура ẞ, ẞ-фактопедија, е направена со цел пренесување и запознавање на нови (не)познати, кул и забавни факти и анегдоти поврзани со уметноста, уметниците, книжевноста, музиката, модата или било кој друг аспект на уметноста. Следете ја нашата ẞ-фактологија секој четврток на Култура ẞ!
Comments