top of page
Writer's pictureКултура β

„Знам дека копнееш...“ на Делвина Крлуку

Стихови од Делвина Крлуку, една од учесничките на 2. Скопски поетски фестивал која со своите стихови ќе се претстави на настанот „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“ на 30 август во Младинскиот културен центар. Станува збор за тематско поетско читање посветено на битничката генерација поети, на кое авторите во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол ќе читаат своја поезија на начинот на кој тоа го правеле битниците.

ЗНАМ ДЕКА КОПНЕЕШ...

(E di që përgjërohesh...)


Ние што разменуваме љубов

И љубов садиме на сите страни.

Ние што им подаруваме мир на нашите вознемирени души

Кој ни го спречи чекорот на овој радосен ден, среќен ден, судбината?!


Препев: Ресул Шабани


Делвина Крлуку (1985, Дебар), магистрирала нa универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Предавала на ДУТ и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Била преседател е на Друштвото за наука и култура „Јосиф Багери“. Авторка е на стихозбирките: „Муза“, „Алтар“, „Трага“, „Стих од роза“, „Заливи на осамата“, на неколку збирки раскази, публицистика, репортажи, интервјуа итн. Членкае на ДПМ и на ДПАМ. Учестувала на повеќе културни и научни средби во земјава и надвор од неа. Добитничка е на повеќе книжевни награди.

Comentarios


bottom of page