top of page
Writer's pictureКалина Качоровска

Времеплов низ творештвото на Леон Шумански - Роуз

Со Леон се знаеме веќе некое време, па така, исто толку време сум запознаена со неговата креативност. Но, покрај тоа дека тој е креативен, факт кој станува очигледен после првата минута откако ќе го запознаете, она што отсекогаш ми било интригантно кај него е неговиот ентузијазам. Во текот на последниве три-четири години, покрај тоа што сме се дружеле, заедно сме работеле на неколку различни проекти и/или активности и Леон секогаш бил „срцето“ на акцијата, токму заради претходноспоменатиот ентузијазам кој не може, а да не ги расположи, инспирира и раздвижи сите вклучени. Откако го знам, Роуз твори. Но, јас го знам само една петина од неговиот живот. Што со другите четири? Како Леон доаѓа до допир со камера, компјутер или уметност воопшто? Го оставам да ви каже самиот.


„Прво што знам за себе поврзано со уметност, е дека во градинка им цртав коли и спајдермени на другарите, а за возврат ми даваа играчки. Тогаш првпат сум имал допир со цртање и боење, а првата фотографија ми е кога бевме на село, ми се чини 2009, имав еден дигитален point n shoot и сликав пејсажи од природа.

Тука имам 7 години.


Тоа беше како дете, кога воедно правев некои работи како возење скејт, графити, баскет, слушање рап и останати стереотипни фази на дете од Аеродром.


Прв „клучен“ момент во развојот на мојот интерес за творење беше кога снимав документарен филм за еден лик кој го преживеал Холокаустот во Скопје, ова беше во 9-то, па потоа освоив второ место на национален конкурс и ми дадоа некое мало дигитално камерче што го подарив на училиштето за и следните генерации да можат да учат да фоткаат и да снимаат.


Во меѓувреме, ме заинтересира монтажа на видеа, па правев некои видеа како за мене, не се ни сеќавам што беа, единствено се сеќавам на некои скечеви кои ги читав на Фејсбук, стварно не знам.


Следно, работев монтажа на Fiverr, freelance страна, па оттаму добив некои понуди. Во фотографијата, како што кажав, бев заинтересиран и активен отсекогаш, и до ден денес се гледам како ентузијаст. Се гледам како човек што е само заинтересиран во многу работи, и сакам да си ги чувам за себе.


Мислам дека повеќето луѓе што ме запознале, ме запознале на журка, или пак кога сме зборувале за музика. За музиката сум најентузијастичен, а никогаш немам свирено инструмент. Плочи собирам веќе долго време, може има 6-7 години, доаѓам до момент кај што треба да им наоѓам решение по дома инаку ми се натовараат на едно место.


Во филм апарати се заинтересирав во средно, втора-трета година, тогаш еден мој другар Милош што седеше до мене имаше филм и јас толку се воодушевив од фотките, што годината кога отидов во Шведска земав Минолта апарат, мојот прв филм апарат. После тоа беше редовно празнење на мојата сметка за купување филмови и апарати.


Во моментов сум најактивен во фотографијата, паралелно и сликам по дома кога ќе ми дојде некоја мисла што морам да ја фрлам на платно, и тоа е тоа.“


Во негови зборови, „поздрав, Леонроуз“. Се слушаме следен понеделник, за последен пат месецов и годинава.


コメント


bottom of page