top of page

„Впивање“ од Марија Ангеловска

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • 5 days ago
  • 1 min read

Впивање


Вдлож белиот брег

Барајќи те бегло

Бленам

Бледеам

Судбино

Со лилав превез врз очите

И летен фустан прозрачен

Бегаш зад зајдисонцето

Крадеш здив од последната светлина

И се впиваш во водата

Барајќи од мене

Да те ловам во брановите


 

Марија Ангеловска е родена во 1994 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (настава, превод и толкување). Пишува проза и поезија. Учествувала и објавувала раскази на конкурси во државата, а нејзини дела се застапени и во регионалната збирка „Рукописи 41“. Има настапувано на „Струшките вечери на поезијата“, на настанот „100 илјади поети за промена“ и книжевните читања „Поетска епизода“ и „Клинци“ во организација на „Култура Бета“. Авторка е на збирката раскази „Глава што лебди“ за која ја доби наградата „Новите!“ за 2021 г. што ја доделува „Темплум“. Членка е на Управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал.

Comments


bottom of page