За љубителите на музика, од сега воведуваме нова рубрика каде јас и нашиот нов гостин-член Борис, секој месец ќе зборуваме за различни албуми кои ни се интересни и сакаме да ги споделиме со вас, нашите читатели и слушатели. Борис, ај прво кажи некој збор за тебе.
Здраво дечки, јас сум Борис Дебси, студирам физика, но имам голема пасија за музика. Инаку јас и Хана во средно свиревме во бенд и сега работиме на музички проекти заедно и затоа искрено мислам дека ќе ви се допадне тоа што имаме да го кажеме во оваа рубрика…
Го делам истото мислење со тебе Борис и мило ми е што си овде. Овој месец го одбравме албумот Everything all the time, од американскиот инди рок бенд, Band of Horses. Бендот е оформен во 2004, додека Everything all the time, објавен во 2006, е нивниот прв целосен албум, воедно и единствениот каде се појавува оригиналната постава на бендот.
Она што ми се допаѓа за албумот е што го има оној типичен звук на инди бенд од раните 2000, но сепак постои динамика во самите песни но и помеѓу нив. Го немам чувството, како целиот албум да е една песна од половина час, што е типично за артисти кои жанровски се ограничуваат.
Баш тој типичен звук на бендови од раните 2000 ми дава носталгично чувство и го прави совршен за слушање во есен.
И јас истото го мислам, и кога го слушам некако ми го прави поесенски денот, ако можам така да се изразам. Ми се допаѓа што сосем случајно се одлучивме за овој албум и баш се совпаѓа со месецов, пред да навлеземе во поладните есенски денови.
Епа чим се согласуваме ај да почнеме со првата песна, креативно наречена: The First Song.
Ми се допаѓа тоа што не е типична интро песна, туку директно влегува како да е кулминацијата на албумот. Се гледа колку е горд и моќен влезот, како членовите да се нестрпливи да ни го покажат албумот.
Ми се допаѓа оваа перспектива, а јакото ми е што најверојатно не ја ни имале таа идеја во глава, само напишале песна и решиле таа да биде првата песна од албумот. Претпоставувам дека дури и не им текнувало како да ја насловат, па само решиле да се вика the first song.
Хахахахах сигурно, но сепак е мал степен подобро од ‘intro’ насловот на повеќето први песни од албуми.
Не би рекла дека е нужно подобро, туку едноставно е различно и тоа е убаво.
Следна е the second song што всушност се вика Wicked Gil.
Тоа што спонавме дека албумот е динамичен, уште веднаш се приметува со тоа што втората песна е со побрз ритам, но сепак не отстапува од целокупноста на албумот.
Оваа песна ме возбудува, бидејќи ме прави да се чувствувам како да го живеам почетокот на некој филм од рани 2000. Би ја слушал во лето додека сум на долг пат во кола со отворени прозорци, шешир и наочари за сонце.
Иронично ми е што предходно рековме дека албумов е есенски, ама ти ја сфаќам поентата. Јас би ја слушала на некоја домашна журка, кога журката почнува да умира бидејќи сите се препиени, а јас си правам философски муабет со рандом лик што сум го запонзла на журката.
Епа јас би бил последниот што игра додека го правиш тоа.
Не, нема да бидеш, Борис :)
…
Наредната песна за која што ќе зборуваме е причината зошто го одбравме овој албум и како го откривме.
Оваа иконична песна ја дознав преку мојата омилена серија How I met your mother. Песнава секогаш ќе ме исполнува со емоции, но гледајќи низ коментарите на нивниот спот, сфаќам дека не сум единствен. Текстот е многу општ и ‘не довршен’, токму затоа е толку отворен за интерпретација и секој може природно да си го најде своето значење за мелодијата и текстот.
Бидејки не гледам How I met your mother, а приота инспирирана од новата серија за Џефри Дамер, мене песнава ме потсетува на разговор што би се одвивал меѓу таткото на Џефри Дамер и самиот тој. Односно, како авторот да се обраќа на некој кој е тешко да биде сакан. Кохезијата меѓу текстот и мелодијата ми дава чувтсво на огорчена љубов. Фразата која се повторува низ рефренот “at every occasion, i’ll be ready for a funeral” носи голема тежина за тоа што значи целосно да се одделиш од некого. За некои тоа значи момент на соочување со крајот, а за други исчекување на истиот.
Следната песна за која што сакаме да збориме е мојата омилена песна од албумов, но и последната песна St. Augustine.
Песнава ми се допаѓа поради тоа што има мрачен андертон, би ја слушала во некоја депресивна неделна квечерина, затоа што ми дава комфор во емоциите кои ги чувствувам. Борис ти имаш нешто да кажеш за песнава?
Песнава јас би ја слушал покрај мојот имагинарен камин додека низ прозорецот го гледам нежниот премин од есен во зима. За мене ова е песната што би ја слушал за да ставам крај на есенските меланхолии и да се спремам за повозбудливо зимско расположение.
Не знам што има возбудливо во зимата, но во ред. На некој начин како песнава да ја наговестува зимата ахахахах. Ама таков ми е албумот, не знам како поинаку да го опишам освен како сезонски. Би ми било чудно да го слушам во лето или пролет. Интересно е тоа ти што го кажа. Особено поради фактот што ова е последната песна од албумот, како целата композиција на албумот да се совпаѓа со динамиката на есента. Искрено многу е лесен за слушање, не наложува премногу размислување за содржината, туку самата мелодија е таква за да биде пуштена во позадина. Ти што мислисш?
Сосема се согласувам, како есенски амбиент, албумов е совршен за слушање во позадина, но многу детали можат да се откријат со активно слушање. И токму горенаведените ствари се причината зошто го одбравме албумот за месецов.
Целосно си во право, меѓутоа, тоа навлагање во детали е субјективна ствар, и не сакам премногу да навлегуваме во деталите на нашата перцепција на албумот, туку да им оставиме и на нашите читатели и слушатели на албумов сами да откријат што е она што ги поврзува со албумов. Мислам дека направивме добра работа во однос на тоа што нас ни се допаѓа за албумов, но и зошто мислиме дека и ним би им се допаднал.
Епа дечки толку од нас, кажавме што имавме да кажеме, сакаме сега вие да го слушнете албумот и да го споделите вашето мислење. Се гледаме нареден месец.
Comentarios