top of page
Writer's pictureИван Николов

Вестите смрдат на кромид

„Сојузот на средношколци во земјава не запира со своите барања! Откако тие побараа да прекинат протестите на професорите, овој пат средношколците во земјава бараат укинување на летниот и зимскиот распуст со цел да научат што е можно повеќе!“


Оваа реплика се рашири последниве неколку дена низ сите кругови на Македонија. Луѓето ја препраќаа поради 3 причини:

  • Знаат дека ова е кромид-вест и дека целта е да се исмејува некој дел од општеството.

  • Знаат дека ова е кромид-вест и препраќаат на други луѓе за ги исмејуваат луѓето што поверувале на веста.

  • Не знаат дека ова е кромид-вест и мислат дека е вистина.

За тие третите ми се зборува денес.

Што е кромид-вест? Кромид-вест по дефиниција е пародија на вистински вести, смешни наслови кои се претерани и лажни, но блиски до реалноста.


Веста дека некој кој е назначен на некоја влијателна позиција и оди против своите интереси не е туѓа во нашата земја. Тоа е и причината зошто оваа вест толку брзо се рашири. Не ги обвинувам луѓето што поверуваа на оваа апсурдна вест затоа што во последните неколку години сме слушнале и пострашни работи. Фактот дека и претходната година „одредени организации“ навистина издаваа вакви изјави дава дополнителни причини зошто да се верува.


Ако ја отворите самата страница, односно Кооперација, ќе видите дека таа е напишана со хумористични цели. Првото нешто кое што го гледате е #САТИРA

Не знам што друго треба да се направи за луѓето да сфатат дека ова не е вистина?! Нашата медиумска писменост е на ниско ниво! Немаме култура на проверување на фактите, туку веднаш веруваме на првото нешто кое ќе го видиме. Тоа можете да го направите со едноставно пребарување на интернет со најважните клучни зборови од веста. Или, можете да направите reverse image search и да видите од каде потекнува сликата, дали некаде претходно таа била искористена и во каков контекст била. Интересни и добри алакти кои се корисни, но сепак дури ни тие не се 100% вистинити.


Проблемот со проверувачите на факти


Ниеден авторитет не треба да остане непредизвикан и без прашање. Догмата е лоша. Слепото верување на проверувачите на факти дека тие се вистината и ништо друго доведува до контрола на наративот и лесно ширење на пропаганда. Сите сме запознаени со следниот текст кој се појавува на секој Инстаграм пост каде ќе се спомне било што во врска со пандемијата или нешто периферно.


Причината за нивното постоење е заради „мешањето на туѓите држави во американските ДЕМОКРАТСКИ избори во 2016-та година“. Тие смеат да се мешаат кај другите, а ние не, океј.


Спомнав „ние“ затоа што во Македонија има таканаречени „трол-фарми“. Тоа се места каде се вработени прогамери кои прават ботови за социјалните мрежи со цел да шират лажни вести за да го тераат својот наратив. Вестите се напишани како кромид-вести, па се шират екстремно брзо. Заради такви причини тие се ставени во функција.


Нивното стапување во функција беше истовремено со „самоубиството“ на Џефри Епстин. Тој тогаш бил суден за продукција на детска порнографија, дистрибуција и трговија со луѓе. Џефри бил влијателно лице, а во неговиот потесен круг на другари биле: Претседателот на Америккка, Бил Клинтон; Бил Гејтс; Доналд Трамп; Стивен Хокинг; Елон Маск; Принцот на Велика Британија, Ендру, војводата на Јорк; Опра Винфри; Барак Обама; Вил Смит итн. Сите со сина крв.


Листата не завршува. Имал приватен остров каде сите од горенаведените биле најмалку еднаш (Бил Клинтон бил 21 пат) и се извршувале горенаведените работи. Доколку вие сте стапнале на тој остров, сте знаеле што се случува. За овој остров има одличен документарец на Нетфликс, Ви го препорачувам.


Срцето на нашиот Џефри Епстин престана да чука на 10-ти август, 2019 година во затвор во Њујорк. Се „самоубил“ пред да даде изјава на суд. Ако вие поставите пост на Инстаграм каде што се оспорува овој наратив, ќе добиете „оваа инфромација е оспорена и повеќе проверувачи на факти велат дека е невистинита“.

Многу модерни филозофи го декларираат нашето општество како пост-вистинито општество. Вистината не е важна, не е важно дали наративот е основан врз нешто конкретно. Важно е пропагандната машина да принта нови вести и луѓето да бидат преплавени. Не им е важно дали се фатени во лага, затоа што медиумскиот циклус е толку брз што веднаш се заборава. Ќе се продолжи со нормалниот тек на работа и народот ќе ја изгуби довербата и во медиумите и во другите луѓе. Целта е да се развие апатија и незаинтересираност за полесно да се контролира „стадото“. Речениците „отсекогаш било така, не можеш ништо на никого да веруваш“ да станат норма и како по автоматизам да излегуваат од нас кога ќе се спомне некој настан.


Ова го прават сите, не само Западот или Истокот. Сите. Општество на апатија е општество во кое губи народот, обичниот човек. Не сакам да живеам во такво општество, но не знам што да направам. Отсекогаш било така.






 

Сите автори стојат во целост зад кажаното во своите колумни, дела, песни, кратки раскази и друг вид на текстови кои ги објавуваме. Култура β не мора секогаш да се согласува со ставовите на авторите, а искажаните ставови не секогаш ја рефлектираат уредувачката политика на Култура β.






Comments


bottom of page