top of page
Writer's pictureКултура β

Учесници на „Добри гости“ - прв дел

Во соработка со ПНВ Публикации го најавуваме првиот дел од учесниците на првото издание на „Добри гости - книжевни гостувања низ Македонија (vol.1 Штип)“ што ќе се одржи во сабота (29 октомври) со почеток во 19:30 во НУЦК „Ацо Шопов“.


Во рамки на книжевното гостување ќе учествуваат 20 поети меѓу кои и двајца гости од странство кои ќе се претстават со своја авторска поезија и проза, а во рамки на вечерта ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови во авторство на Марија Шаклева, Санда Ѓоргиева, Диме Данов и Валентина Бакти од Србија. По читањето дружбата ќе продолжи во пабот "Only Fools and Horses".

Во рамки на првиот дел, ги најавуваме: Марија Велинова, Владимир Мартиновски, Трајче Кацаров, Јулијана Величковска, Макрина Јорданова, Андреј Медиќ Лазаревски, Иван Шопов, Матеја Богдан, Марија Ангеловска и Иван Херцег од Хрватска.



иднината веќе помина,

а минатото по нас иде,

дали векот ќе стане година

или денот в миг ќе рикне?










 

Можеби затоа бабата

го држи стариот семеен

портрет

како што мајките држат бебе

или децата кукла.










 

***


Изгреа млада месечина

Луѓето легнуваат и се будат

Со коментари за неа


Таа како и секоја младост

Верува во подобро утре






 

безвучна уснена според местото на образување избувлива ‒ според начинот глас буква од азбуката буква со реден број ‒ кој?









 

Со себе носев

Туѓинка- отуѓена

Непозната- со лик познат

И мирис

Кој по мене посега

Да ми недостига.








 

расцветај

сѐ од мене

низ тебе

цвет нека се стори.










 


Во Скопје, архитектурата, љубовта и несоницата понекогаш се нераскинливо поврзани. Но, како да ги препознаеме нивните тули кога гледаме во зградите?







 

Во градниот кош имам камења што не ми дозволуваат да испливам на површината од себеси.










 

Во книжевниот лавиринт шетав уште кога бев дете.

Уживав во мирисот на латиците од рози - страниците пишан туѓ збор.

Еве ме сега како ги наводенувам моите рози - страниците со капки мастило од моето перо.





 

За сто години Бог ќе ја

растопи твојата чоколадна

душа

и со неа ќе го премачка

невидливиот космос.

Comments


bottom of page