Сакаш ли да си ми ништо?
Ако светот е ништо и сето е лажно значи дека ништо е сѐ.
Ако ништо е сѐ, значи и тоа е нешто.
А, ако е нешто, е лажно.
Не сакам да бидам ниту нешто ниту сешто,
ако сѐ е ништо тогаш сакам да му целото ништо.
Ако ништо нема крај значи ништо не е цело.
Срцево е парче, а ти го дораспарчи.
Никогаш не било цело, но со тебе барем беше во едно парче.
Тогаш ти се појави и создаде безброј бескрајности.
И парчето тогаш не е парче, ако од него нема ново жарче.
А да го фрлиш, арч е.
Па ќе го ставам, да се најде во плакарче.
Ако го криеш длабоко таму, пожар голем ќе направи или стивне,
му треба слобода и кислород за високо да се вивне.
Може му треба висина, да земе воздух и здивне.
Може му треба тишина, да направи врева чим кивне
Гласна е тишината, а потивок е гласот.
Од високо сигурно ќе види сѐ со јасност.
И кога врвот дома ќе му стане, во вода света жарчето ќе падне.
Тогаш во исто време, сѐ и ништо нема.
Сакаш ли да си ми ништо?
Сакаш ли да си ми сѐ?
Штом денот ќе падне, друг е ден.
Штом мракот ќе стане и сонцето зајде, месечина полна ќе огрее сѐ.
Сакаш ли да си ми ништо?
Јована Стаматовска е студентка во прва година на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески”, а поранешна ученичка во гимназијата „Орце Николов“.
Таа е една од првите организаторки на настанот „Орцашка вечер на поезјата“.
„Љубовта за триото книги, поезија и пишување отсекогаш постоела, сега сум среќна што конечно имам храброст да ја оживеам.“ додава таа.
Comments