top of page
Writer's pictureКултура β

Разговорни елегии - Вероника Димоска

Среде поле, в дебела сенка

Некаде во екот на тешката жега,

Врат замотува- 

безтелесна стега. 


Како може ти едноцифреност -

Коски што немаш, ни орудие измислено,

Да ме кутнеш во трапот,

сурово промислено.

Та, јас трапот го красам, со пот го лијам,

Да израснам житно клајсе, во него да се кријам,

По сончогледите нека сонце плиска,

Јас на ровка земја да лежам,

Мојот труд и низ него мојата биста.

Не слуша клетата змија,

Ме дави, сред работа ме онеспособува,

Немој тука, отровнице, на нивјето им робувам!


„Не те обескрилувам,

Ниту на покој присилувам,

Ако подобар видик имаш,

Ќе видиш - кожата твоја,

Сал поопасна станува в час,

Ползеше ти до себе, да си сепнеш глас,

Зарем треба да се навади трапот

Со телото твое наранува,

За да сфатиш кој е

Сончоглед што преостанува,

Бунтовник што востанува,

Спомен што злоставува,

Животот твој тебе што ти претставува?

Ќе донесе времето алат, ново семе

И утро пресно - ти доловувам,

И плодност и родност и полн стомак -

Со сомнежот те збогувам,

И на Бога слава му, триумфот твој

Јас тука ќе го вардам,

Ќе продолжам, мој маченику,

Врз тебе да садам.

Што стори, што направи,

Место сончоглед да садиш,

Ти тоа стана, амбару селски,

Моја таго в едно збрана!

И тутунот што го виткаш,

И нозете на момите што виното ти го газат,

Нема колку венееш да ти кажат.

Трчаше по сонцето, небаре не можат

Жетварите без твојата помош,

Сега распадни се тука,

Без гордост, чунки за себе си олош!

Добар човек беше, среброљубец не стана,

Но сонцето да го бара, плодот да го брка не престана.

Не виде слепиот,

Дека во него светлото цело е собрано,

И има пораскош во душата од своето село,

Сега пушти ги чешмите, нека течат,

Не научи само свои коски и уморна душа да си љубиш,

За што ли во веков се будиш? “


Така ми поприкажа влечугата чесна,

Кога гледаш, јас, до копачот треснав.

Од мене никна цвет,

Пеперутка слета на него,

Во позадина свири чудна мелодија,

Во престрав и немаштија,

Уште некој плаче пред нашата змија,

Камо да можам да му кажам,

Колку убав цвет никнува ако

Не ја поразиш клетата хиерархија.

Вероника Димоска


Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Commenti


bottom of page