Прегратка
Во една прегратка
ги сокрив твоите тајни,
твоите тегобии
и станав ти
за да можам да бидам јас.
Во една прегратка
го вдишив твојот немир
и те полив со мојот спокој.
Во една прегратка
го стишив внатрешниот студ
и запалив огниште во тебе.
Сѐ и ништо се случи
во таа една прегратка.
Васил Ханџиски (2002, Скопје) дипломирал на Машинксиот факултет (насока инженерство за животна средина) при Универзитетот во Марибор и моментално е запишан на постидпломски студии на истата програма. Автор е на стихозбирката ,,Сложувалка” (2023, ПНВ Публикации). Негова поезија е застапена во антологија на младата македонска поезија ,,Ново раѓање на зборот”. Превод на неговата поезија има на словенечки јазик.
Comments